Соопштенија

Министерката Апостолска се сретна со словенечкиот амбасадор Јазбец

На средбата стана збор за можностите за унапредување на економските односи помеѓу двете земји и нивно подигање на степен кој ќе ги одразува одличните долгогодишни политички односи, при што се констатираше дека со заеднички напори трговските односи и инвестициите помеѓу двете земји може значително да се подобрат.

МТСП Царовска на Форум за родова еднаквост во Стокхолм

Царовска нагласи дека токму затоа Република Македонија во декември минатата година пристапи кон,,Global Deal’’- глобално партнерство за пристојна работа и инклузивен развој, како единствен партнер од овој регион. Исто така, во програмата за работа на Владата на Република Македонија е предвидено вклучување на родовата перспектива во колективното договарање на сите нивоа, заради дополнително унапредување и заштита на жените работнички.

СЕП го објави Деталниот фактографски извештај за имплементацијата на Планот 3-6-9

Денеска, 17. април заедно со објавувањето на Извештајот на Европската Комисија за состојбите и напредокот на земјава на евроинтегративниот пат истече периодот за имплементација на Планот 3-6-9. Деталниот фактографски извештај за имплементацијата на Планот 3-6-9, точно на полноќ беше објавен на веб страна на Секретаријатот за европски прашања www.sep.gov.mk и истиот можете директно да се преземе на следниот линк https://goo.gl/BqGvVt.

Учество на МНР Никола Димитров на 10 годишнината од формирањето на Европскиот фонд за Балканот во Белград

Во фокус на разговорите беа претстојниот Извештај на Европската Комисија за напредокот на земјите од Регионот, како и за идните чекори во рамки на евро-интегративните процеси.

Вицепремиерот Османи му го предаде на евроамбасадорот Жбогар деталниот фактографски извештај за реализацијата на Планот 3-6-9

„Реализиравме преку 90% од предвидените реформи во Планот 3-6-9 и 100% од неговата суштина. Планот ја постигна неговата цел и ја врати земјата на евроатланскиот пат“, истакна Османи при предавањето на извештајот на Евроамбасадорот Жбогар. Тој додаде дека согласно испорачаните резултати, очекува убави вести утре од Брисел за Македонија, при претставувањето на Извештајот на Европската Комисија за земјава.

Вицепремиерката Шекеринска на Конститутивна седница на Советот за соработка и развој на граѓанскиот сектор: Заедно со граѓанските организации за силен инклузивен дијалог

„Ве гледаме како сојузник во борбата против ‘заробената држава’ која што не се победува на избори, туку се победува преку многу, болни, тешки, понекогаш и долги реформи“, истакна вицепремиерката Шекеринска.

Средба на премиерот Заев со германскиот амбасадор Герберих: Поддршка од Република Германија за европските и атлантските интеграции на Република Македонија

На средбата се поздравени реформските чекори на Република Македонија и добрососедските односи, што водат кон остварување на стратешките евро-атлантски цели на државава.

ЗПВРМ Анѓушев: Швајцарската реномирана компанија Баумер инвестира во Македонија - За 10 месеци со мерките од Планот за Економски раст привлечени се 10 нови инвестиции со нула трошок за реклами

„Последната е реномираната швајцарска компанија Баумер која дојде во Македонија за само 3 месеци. Разликата е што ние ги донесовме со нула денари за маркетинг. Ве охрабрувам да го следите процесот, ќе има уште осумнаесет нови инвестиции во следниот период “, изјави Анѓушев.

Заев од брифингот со новинарите: Имаме причини да веруваме дека ги инициравме економските реформи за нови работни места, повисоки плати, социјална сигурност за секој граѓанин

„Веќе влеговме во проектирање на секундарната мрежа во градовите паралелно со развивањето на примарната, национална гасоводна мрежа. Почнавме со изградба на мрежите во градовите. Тоа значи и екологија, мерка за отстранување на загадениот воздух во Скопје, Битола, Тетово, во сите градови каде што го има. И тој проект го тераме понатаму“, додаде Заев.

Премиерот Заев на брифингот со новинарите: Блиску сме до решение, за идентитетските прашања, грчката страна покажува разбирање

„Во однос на прашањето за иредентизмот, грчката страна од нас сака потврда, а ние немаме проблем дека немаме територијални претензии, дека немаме намера да ја повредиме границата која што не разграничува и дека немаме намера да се мешаме во наследството на Грција. Останува да ги најдеме заеднички прифатливите формулации по ова прашање. Истовремено и ние бараме тие да не се мешаат во нашето наследство. Јас верувам дека тоа нема да ни отвори дополнителен проблем. Треба да се изнајдат механизми како тоа да се реши“, рече премиерот Заев.