Маја Иванова, сопругата на претседателот, Пол Волерс, амбасадор на САД, Гордана Јанкуловска, министерката за внатрешни работи и претседателката на Здружението Борка Биба Додева, денеска ја предводеа прошетката што почна на плоштадот Македонија во рамки на кампањата за борба против рак на дојка. Тие упатија порака за важноста на раната дијагноза и поддршка на пациентите, како основен предуслов за победа над ракот на дојка.