Министерство за правда

Веб-страница: 
Е-пошта: 
publicrelation@mjustice.gov.mk, cabinet@mjustice.gov.mk
Телефон: 
02 3116 493
Адреса: 
„Димитрие Чуповски“ број 9, Скопје;
Министер: 
Фејсбук страница: 

Министерството за правда ги врши работите што се однесуваат на:

  • судството, јавното обвинителство, јавното правобранителство;
  • државната управа;
  • кривичната одговорност и одговорноста за прекршоци;
  • нотарските работи, адвокатурата и други видови правна помош;
  • наследувањето, сопственоста, стварните права и облигационите односи;
  • меѓународната правна помош;
  • извршувањето на санкциите за кривични дела и прекршоци;
  • организацијата и управувањето со казнено-поправните и воспитно-поправните установи;
  • амнестијата и помилувањето;
  • судските вештачења, експертизи и супер-вештачења;
  • изборниот систем, водењето евиденција на избирачкото право;
  • кривичната, прекршочната, парничната, вонпроцесната, извршната и управната постапка;
  • управниот надзор;
  • вршењето на работите што не спаѓаат во надлежност на друг орган на државната управа и
  • врши други работи утврдени со закон.