Соопштенија

Премиерот Заев на собраниската седница за доверба на владата: После 11-годишното уништувачко цунами, 2018 е година на економски раст за Македонија, да се преобразиме заедно во генерација што ги остварува стратешките интереси на граѓаните

„Да не запаметат како генерација која ги оствари стратешките интереси на граѓаните и на Република Македонија“, истакна премиерот Заев.

МТСП: Презентирана нацрт Националната стратегија за деинституционализација

Деинституционализацијата е процес што декларативно се спроведува веќе дваесетина години, но досегашните напори беа инцидентни и без континуитет, а постигнувањатата се скромни. Придобивките од деинституционализација за сите се појдовната основа за решеноста и посветеноста на Владата и МТСП да изградат современ, ефективен и ефикасен систем за социјална грижа што ги почитува човековите права на граѓаните.

Средба на ЗПВРМ Анѓушев и МТВ Сугарески со Михајловиќ: Интензивирање на инфраструктурните проекти за подобро регионално поврзување

На состанокот е постигнат договор за олеснување на сите постапки за пренос на роба и патници на граничните премини.

Формирано национално координативно тело за недискриминација

Во својство на координатор се обрати министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, која нагласи дека во работата на ова тело сечие мислење ќе биде ценето, а конструктивните критики кои ќе дадат придонес во унапредување на состојбите се добредојдени.

Фридом Хаус: Македонија е „светла точка“ во демократско подобрување

Република Македонија, заедно со Узбекистан и Естонија е издвоена во Извештајот, како „светла точка“ за минатата година и е посочена како држава со најветувачка шанса за демократскит прогрес во Европа.

Министерот Манчевски: Македонија е домаќин на првиот регионален Дигитален Самит за земјите од Западен Балкан

„Учество ќе земат премиерите на државите од Западен Балкан и министри одговорни за дигиталната агенда. Исто така, на самитот ќе присуствуваат и земјите-членки на ЕУ кои учествуваат во Берлинскиот процес, Европската комисија, Советот за регионална соработка, претставници од ИТ индустриите и бизнис секторот, академската заедница, младите...“, посочи министерот Манчевски.

Работна средба помеѓу министрите за надворешни работи на Република Македонија и Грција, Димитров и Коѕијас

Денеска (12 април 2018 година, четврток), во Вила Охрид, министерот за надворешни работи, Никола Димитров се сретна со неговиот колега од Грција, министерот Никос Коѕијас. На средбата која се одржа во отворена атмосфера, се разговараше за сите аспекти за разликата околу името.

Средба на премиерот Заев со делегација од Бундестагот: Сојузна Република Германија дава поддршка на започнатите реформи и на решение за спорот, се отвораат перспективи за Република Македонија

Претседавачот со Комисијата за европски прашања во Бундестагот, Крихбаум, оцени дека е добро што Република Македонија ја предводи Влада насочена кон реализација на стратешките евро-атлантски цели, коишто, како што беше посочено, ќе значат и нови инвестиции во земјава, а со тоа и нови работни места, економски развој и квалитетен живот на граѓаните во Македонија.

Османи: Онака како што ветивме пред десет месеци – Испорачавме!

На средбата, Османи го презентираше напредокот во имплементацијата на Планот 3-6-9, како и напредокот во отстранувањето на останатите политички пречки на евроинтегративниот пат на Република Македонија. „Доаѓам со добри вести од Република Македонија. Онака како што ветивме пред девет месеци, навреме испорачавме реформи во соодветниот период за Извештајот на Комисијата позитивно да го оцени нашиот напредок“, истакна Османи на средбата, посочувајќи притоа на соодветната реализација на Планот 3-6-9, чија имплементација завршува заедно со излегувањето на Извештајот на Европската Комисија на 17 април.

Од седницата за доверба на Владата во Собранието на РМ: Сега врз администрацијата нема притисок и присила

Манчевски, илустрирајќи ја затекнатата состојба во администрацијата, укажа на фактот дека во Министерството за информатичко општество и администрација од 9 сектори само еден имал раководител на сектор, и како што дополни тој, никој немал објаснување за таквата систематизација, освен фактичката ситуација дека на тој начин била блокирано функционалното извршување на програмските обврски.