Соопштенија

Силни пораки од Трст на светско политичко ниво: Премиерот Заев се сретна и со претставникот на британската премиерка Меј, Борис Џонсон, во Македонија се гледа мотор на регионот кон ЕУ и НАТО

Оценката што ја соопшти министерот за надворешни работи, Џонсон е дека Македонија е конечно на вистинскиот правец и најави дека Велика Британија ќе направи се што може да и помогне на нашата држава за влез во НАТО и во ЕУ. 

Средба на премиерот Заев со канцеларката Меркел: Германија силно ја поддржува новата реформска Влада на Македонија

Владата е одлучна да ги спроведе потребните реформи и да ја осигура евро-атлантската иднина на Македонија, а со тоа и квалитетен живот за граѓаните. 

Прогласена кризна состојба поради напливот на мигранти

Владата на Република Македонија на вчерашната седница донесе одлука за прогласување на кризна состојба во регионот на јужната и на северната државна граница поради зголемениот наплив на мигранти, со што согласно правните прописи се отвора можност за соодветен ангажман и на АРМ, информира денеска на прес-конференција портпаролот на МВР Иво Котевски.

Премиерот Заев: Определени сме да градиме општество втемелено на принципите на родова еднаквост и цврсто застануваме зад заложбата за нулта толеранција спрема секоја форма на насилство врз жените и девојките

Насилството врз жените е кршење на основните човекови права. Ние како Влада ветивме пред граѓаните на Република Македонија дека ќе работиме на унапредување на човековите права и затоа сме посветени на системско унапредување на родовата еднаквост и елиминирање на сите форми на насилство врз жените.

Министрите Дескоска и Адеми разговараа со претставници на швајцарскиот кантон Тичино за соработка во образованието и дијаспората

Министерката за образование и наука, Рената Дескоска и министерот без ресор задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, денеска во Владата на Република Македонија во посета го примија претседателот на државниот совет и директор на директоратот за образование култура на швајцарскиот кантон Тичино, Мануеле Бертоли.

Премиерот Заев на настанот за УСАИД за интегрирано образование: Проектот го поддржуваме, градиме едно општество, а младите денес се лидери на утрешнината

Обраќањето на премиерот на Република Македонија, Зоран Заев на настанот за УСАИД за интегрирано образование.

Одржана заедничка седница на Владите на Република Македонија и на Република Бугарија: Потпишани повеќе меморандуми за зголемување на меѓусебната економска соработка

Вчера во Струмица се одржа првата заедничка седница помеѓу Владите на Република Македонија и Република Бугарија. Се одржаа повеќе билатерални средби, а се потпишаа и десет документи за интензивирање на соработката помеѓу двете земји.

Премиерот Заев од работниот состанок за социјална инклузија на Роми во РМ: Градиме општество за целосна социјална инклузија на Ромите, како граѓанска и владина обврска во име на спокојна иднина за сите нас

Владата на Република Македонија е определена да гради инклузивно општество и Да, ќе овозможиме целосна социјална инклузија и на граѓаните Роми во Република Македонија. Ние сме решени на тоа.

Заедничка седница меѓу владите на Република Македонија и Република Бугарија: Интензивирање на соработката во надворешната политика за ЕУ и НАТО интеграциите; Ќе се намалат цените роамингот меѓу двете земји; Гасоводна врска меѓу Македонија и Бугарија

На седницата беше потпишана Заедничка декларација од првата средба меѓу владите на Република Македонија и Република Бугарија, во која се нотирани заложбите за унапредување на соработката во сите сфери, како и уште 9 договори, меморандуми, аранжмани и протоколи за соработка, што ги потпишаа ресорните министри и директори на агенции.

Премиерите на Република Македонија и на Република Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов: Имаме историска одговорност за моментот што отвора перспективи за нашите билатерални односи и за евро-интеграциите на регионот

Претседателите на владите на Република Македонија и на Република Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, одржаа прес конференција на која информираа за резултатите од заедничката седница на владите на двете земји што денеска се одржа во Струмица, како и за Заедничка декларација од првата средба меѓу владите на Република Македонија и Република Бугарија, во која се нотирани заложбите за унапредување на соработката во сите сфери.

Pages