Соопштенија

Премиерот Заев на отворањето на ЕКСПО на “Дигиталниот Самит на Западен Балкан”

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, во придружба на своите гости кои денеска учествуваа во свечената церемионија на отворањето на „Дигиталниот Самит на Западен Балкан“, Претседавачот на Министерскиот Совет на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ, премиерот на Косово Рамуш Харадинај, Заменик претседателката во Владата на Република Албанија Сенида Меси и министерката за економија во Владата на Црна Гора Драгица Секулиќ, беа дел и од отворањето на ЕКСПО, како придружен настан на дводневниот самит.

Соработката и интеграцијата на земјите од Западен Балкан за пристап до единствениот дигитален пазар на Европската Унија

За време на разговорот на работниот ручек, премиерот Заев ја истакна важната улога на „Дигиталниот самит за Западен Балкан“, и на презентираната студија „Влијанието на дигитализацијата на просперитет на Западен Балкан“, како значајни импулси за земјите од регионот за да ја продлабочат соработката и поинтензивно да работат на дигитална трансформација којашто ќе придонесе кон раст на БДП, пораст на инвестициите во регионот, развој на старт-апи и отворање на нови работни места.

Премиерот Заев се сретна со премиерот Харадинај: Извештаите на ЕК се реални и охрабрувачки за интензивирање на соседската и регионалната соработка

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, и премиерот на Косово Рамуш Харадинај разговараа и за Извештајот на Европската Комисија за земјите од Западен Балкан, и се согласија дека извештаите се реални и охрабрувачки. Двајцата соговорници се согласија дека сега останува на земјите од регионот да продолжат со реформите со поголема инклузивност за посеопфатна реализација на сите препораки во процесот на евроинтеграција.

Премиерот Заев на Дигиталниот Самит на Западен Балкан: Работиме на унифицирана дигитализација на инситутциите за подобро опслужување и бенефит на граѓаните

Инвестирањето во нови технологии ќе донесе поврзување, ефикасност и продуктивност. Комбинираната употреба на дигитални технологии со другите нови технологии доведува до иновативни бизнис модели, генерира конкурентност, работни места и раст.

Премиерот Заев го доби од еврокомесарот Хан, Извештајот со чиста препорака: Македонија е цврсто вратена на европскиот пат со можност за влез во следната фаза – датум

„Владата на Република Македонија уште поенергично ќе ги води реформските и политичките процеси во следните два месеца, за во јуни, Република Македонија да добие датум за почеток на преговорите со Европската унија.
Цврсто сме определени да спроведеме одржливи решенија за суштинските реформи, и по Планот 3-6-9, врз основа на Извештајот на Европската комисија, ќе утврдиме нов План за реформската динамика до крајот на 2018 година, којшто ќе биде најверојатно поврзан со имплементацијата на она што го усвоивме“, рече премиерот Заев.

Вицепремиерот Анѓушев на Енергетскиот Самит во Берлин: Иднината на енергетиката е во развој на капацитети од обновливи извори

„Иднината на енергетиката е во обновливите извори. Клучниот предизвик е како да се развиваат енергетските капацитети од обновливите извори и притоа да се воспостави механизам со тоа да не се влијае врз цената на електричната енергија што ја плаќа крајниот корисник, додека дополнителен предизвик е како енергијата од обновливи извори да се избалансира во енергетскиот систем. Со новиот закон за енергетика во Македонија се воведува систем на „премии“ – модел кој поттикнува инвестиции и зголемување на учеството токму на обновливите извори“, потенцираше Анѓушев во своето обраќање.

Премиерот Заев со регионалната директорка на ЕБРД за Западен Балкан ја потврдија идната соработка преку капитални инфраструктурни проекти

На средбата премиерот Заев ги истакна позитивните вести кои денес Македонија ги доби од Брисел, нагласувајќи дека тоа е од големо значење за граѓаните на Република Македонија и нивната европска иднина.

Премиерот Заев повод препораката на ЕК за почеток на преговорите со ЕУ: Чистата препорака е потврда дека сме на вистинскиот пат и ја отвори вратата за европска Македонија

Оваа година, препораката е чиста и безусловна, а тоа значи дека Република Македонија го исполнува основниот политички критериум за членство во ЕУ што треба да овозможи почеток на преговорите за пристапување во членство во ЕУ.

Од 64-тата седница на Владата на РМ: Проширен опсегот на носители на јавни функции кои треба да ги објават службените трошења; Усвоени правилниците со кои стартува имплементацијата на мерките од третиот столб од Планот за економски раст

Владата на Република Македонија ја разгледа и ја усвои информацијата со Правилници за мерките од Планот за економски раст на Владата – столб 3. Правилниците се однесуваат на следните 4 мерки: Финансиска поддршка на мали и средни претпријатија со тенденција на брз пораст („Газели“), посебна финансиска поддршка за микро претпријатија, финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија за подобрување на иновативноста, како и зафинансиска поддршка за стручно усовршување и пракса за нововработени млади лица.

Потпишан анекс на новиот колективен договор за зголемување на коефициентот на медицинските сестри

Претходниот коефициент изнесуваше 0,29 проценти за ноќен труд. Имено, за 8 часа ноќен труд, медицинските сестри со средна стручна спрема ќе земаат нето износ од 440 денари, медицински сестри инструментарки 446 денари, медицинска сестра со висока школа 483 денари, а медицинска сестра со висока стручна спрема 544 денари.