Соопштенија

Премиерот Заев на средбата со коалиционите партнери: Со поддршка на коалицијата влегуваме во година на клучни одлуки на државата

Создадовме околности кои целосно го променија демократскиот амбиент во земјата, за што пристигнаа признанија и од народот со исходот на локалните избори, како и од меѓународната заедница, особено од нашите стратешки партнери во ЕУ, НАТО, и од САД, и овие промени навестуваат дека влегуваме во година на клучни одлуки за државата.

Премиерот Заев на средбата со децата од СОС детско село и од Детскиот дом „11 Октомври“: Државата ја презема улогата да застане во првата линија на заштита и на воспитување на децата без родителска грижа

Во рамките на средбата, во Владата на Република Македонија, за децата беше организирана соодветна програма и претстава со популарниот Петко и неговите пријатели од популарната телевизиска емисија. Гостите на премиерот имаа прилика да ја разгледаат зградата на владата и да се запознаат со нејзината работа.

Средба на премиерот Заев со претставници на Синдикатот на УПОЗ: Владата е отворена за соработка за да се дојде до решенија за отворените прашања

Претставниците на Синдикатот на УПОЗ ја поздравија определеноста на премиерот Заев и на новата Влада за социјален дијалог со синдикатите и за изнаоѓање решенија за отворените прашања.

Владата го презентираше усвоениот План за економски раст кој ќе ја раздвижи економската инвестициска активност

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев одржаа прес-конференција на која беа презентирани мерките од Планот за економски раст, усвоени на една од последите Владини седници.

Заев: Ќе го вратиме достоинството на професионалните спортисти и спортските работници, со Закон за спорт ќе обезбедиме стабилни извори за финансирање

Премиерот Зоран Заев вчеравечер, во присуство на директорот на Агенцијата за млади и спорт, присуствуваше на свеченоста по повод избор на спортист на годината.

Премиерот Заев се сретна со новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски: Постои согласност дека е потребно учество на опозицијата во реформите, а патот на Македонија е во ЕУ и НАТО

Средбата се реализираше низ конструктивен дијалог, иако за некои од темите се изразени различни мислења и ставови на двајцата соговорници. Премиерот Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, се согласија дека е потребно учество на опозицијата во реформските процеси.

Претседателот Иванов останува заробен во делбите во време кога Македонија е свртена кон обезбедување благосостојба на своите граѓани

Прв кој требаше ова очекување на граѓаните да го препознае како вредносна порака, требаше да биде Претседателот на државата. Но, наместо да настапи државнички, денеска Ѓорѓе Иванов кон граѓаните упати пораки кои повикуваат на натамошни делби и кои дополнително се спротивставуваат на концептите за градење на едно, единствено и заедничко општество.

Премиерот Заев во посета на откупни пунктови за тутун: Обезбедивме навремена субвенција за достоинствен приход на тутунопроизводителите

Премиерот Зоран Заев заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, советничката за земјоделство, шумaрство и водостопанство, Ленче Николовска и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Јане Станкоски, денеска посетија откупни пунктови за тутун Сокотаб во Кривогаштани и во Тутунскиот комбинат во Прилеп.

Премиерот Заев на средба со претставници од Македонската федерација на традиционално карате: Се радуваме со успехот, секој спортист ни е важен

Премиерот Заев го поздрави овој успех и искажа подготвеност, во иднина владата да ги поддржи понатамошните активности на федерацијата со цел уште поголеми успеси на меѓународна сцена.

Премиерот Заев на средба со Здружението на приватни стопанственици од индустриската зона Визбегово-Стенковец: Од заеднички интерес е решението за реализација на експресен пат низ зоната

Забрзувањето на работите за реализација на автопатското решение од Косово кон Македонија, како и за изградба на експресниот пат, како стратешки инфраструктурни проекти, е од огромно значење за домашните компании кои веќе работат во зоната Визбегово-Стенковец, како и за оние кои покажуваат голем интерес да изградат стопански објекти во оваа зона.

Pages