Соопштенија

Премиерот Заев на средба со Здружението на приватни стопанственици од индустриската зона Визбегово-Стенковец: Од заеднички интерес е решението за реализација на експресен пат низ зоната

Забрзувањето на работите за реализација на автопатското решение од Косово кон Македонија, како и за изградба на експресниот пат, како стратешки инфраструктурни проекти, е од огромно значење за домашните компании кои веќе работат во зоната Визбегово-Стенковец, како и за оние кои покажуваат голем интерес да изградат стопански објекти во оваа зона.

Средба на премиерот Заев со претставници на Црногорската Заедница во земјава: Македонија чекори по правиот пат, поддршка за интегративните политики на новата Влада

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со Борис Попивода, претседател на Црногорската Заедница во Република Македонија.

Делегација на Владата на света литургија во Католичката црква во Скопје по повод раѓањето Христово - Божик

Светата литургија во Католичката црква во Скопје по повод големиот христијански празник Божик.

Премиерот Заев со честитки до верниците од католичка вероисповед по повод Божик

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Бискуп Скопски и Апостолски Егзарх на Светата Столица во Република Македонија и во име на Владата и во свое лично име го честита празникот Христово раѓање - Божик на верниците од католичка вероисповед

Средба на работната група на владата и на Асоцијацијата на легални такси превозници - Скопје: Се очекува брзо решение за укажувањата на такси превозниците

На средбата беше разговарано за проблемите со кои се соочуваат легалните такси превозници, како и за начините за надминување на покренатите прашања.

Влада на Република Македонија: Исклучените домаќинства од централно градско греење нема да плаќаат паушал

Владата на Република Македонија ја информира јавноста дека домаќинствата кои се исклучени од централното греење во град Скопје, во наредната 2018 година ќе бидат ослободени од плаќање на паушалот кој во моментов го исплаќаат.

Премиерот Заев на средба со Сојузот на дефектолози: Координативно тело во рамки на Владата, ќе биде задолжено за имплементација на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со претставници на Сојузот на дефектолози. На средбата, покрај него, присуствуваа и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, како и Драги Рашковски, Генерален секретар на Владата на Република Македонија.

Британскиот амбасадор Гарет му врачи писмо на премиерот Заев од британската премиерка Меј со покана за Самитот во Лондон во јули: Поддршка од Велика Британија за евро-атлантскиот пат на Западен Балкан

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, претпладнево се сретна со амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Македонија, Чарлс Едмунд Гарет.

Премиерот Заев на јубилејната прослава на Денот на наставата на турскиот јазик во Република Македонија: Историјата спои држави и народи, турската заедница е конструктивен дел од нашето општество

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот без ресор задолжен за странски инвестиции, Аднан Ќахил, вечерва присуствуваше на јубилејното празнување на Денот на наставата на турски јазик во Република Македонија.

Формиран е Советот за реформа на јавната администрација, премиерот Заев и министерот Манчевски најавија ефикасна, професионална и посветена јавна администрација согласно насоките на ЕК

Денеска во Владата на Република Македонија се формираше Совет за реформа на јавната администрација, што ќе ја следи реализацијата на Стратегијата за реформи во јавната администрација, дел од Планот 3-6-9.

Pages