Соопштенија

Премиерот Заев на Националниот Форум на градоначалници и градоначалнички: Имаме политичка волја и да спроведеме максимален трансфер на надлежностите и финансиите од централно на локално ниво

„Слушајте ги луѓето и разговарајте со нив. Тоа е мојата прва и клучна порака, рече претседателот на Владата на РМ, потенцирајќи дека поради тоа првите луѓе на општините ја добиле довербата од граѓаните“, им пренесе на присутните на трибината премиерот Заев.

Спасовски: Буџетот за 2018 година најавува ефикасна јавна безбедност на граѓаните

Состојбата во полициските станици е загрижувачка. Полицајците работат во субстандардни услови кои негативно се одразуваат на нивното здравје. Токму затоа одвоени се 40.000.000, оо денари со кои во текот на следната година ќе бидат реконструирани и уредени полициските станици низ Република Македонија.

Премиерот Заев на Состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на Јадранската повелба и на Соединетите Американски Држави: Република Македонија е препознаена по позитивниот придонес во секој вид на иницијативи за поширока и подобра соработка

Очекуваме Република Македонија да биде 30-тата земја членка на алијанската и ќе работиме за таа цел, заедно со граѓаните!

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, оствари средба со в.д. Заменичката асистент секретар за одбрана на САД Лаура Купер

На средбата се истакна дека соработката на планот на одбраната и безбедноста меѓу САД и Република Македонија е силен сигнал за подготвеноста на Република Македонија да биде прифатена како полноправна членка на НАТО, која САД силно ја поддржува.

Премиерот Заев на средба со извршниот директор на Светска Банка, Франк Хемшкерк: Позитивните текови во земјата се видливи, Светска Банка стои на располагање за реализацијата на владините реформи

Претставувајќи ги приоритетните заложби на Владата, премиерот подвлече дека оваа Влада ќе ги искористи сите резерви и капацитети за да го зголеми БДП, да отвори повеќе работни места и да привлече повеќе капитални инвестиции во земјата.

Заев: Остануваме посветени на развојот и регионалната соработка меѓу царинските администрации

Царините имаат клучно значење во обезбедувањето непречен проток на трговијата, примена на потребните контроли, заштита на здравјето и безбедноста на граѓаните.

Средба на премиерот Заев со високи претставници на Дојче Телеком: Владата воспостави стабилна инвестициска клима за побрз развој на сервисите и апликациите во телекомуникациите за олеснување на животот на граѓаните

„На нашата земја и е потребен пораст на домашниот бруто производ поголем од пет проценти и тоа можеме да го постигнеме само со охрабрување на компаниите да инвестираат и да отвораат нови работни места, за да се подобри животот на граѓаните во секој сегмент“, рече премиерот Заев.

Премиерот Заев: Сметајте на вашата влада како достоинствен партнер и ваш сервис, честитки за компаниите кои се меѓу топ 100!

Деловните претпријатија се дел од општеството, а долгорочните интереси на бизнисите најдобро се реализираат кога се внимава на корпоративната општествена одговорност.

Премиерот Заев на средбата со министерот за одбрана на Црна Гора Бошковиќ: Не охрабрува постојаната заложба на Црна Гора во НАТО за прием на Република Македонија за полноправен член на алијансата

Премиерот Заев му посака добредојде на министерот Бошковиќ, и на неговата делегација на црногорското министерство за одбрана, и уште еднаш го поздрави полноправното членство на Црна Гора во НАТО, истакна дека тоа е позитивен сигнал за целиот регион.

Средба на премиерот Заев со високи претставници на Европската Инвестициска Банка: Поддршка за развој на малите и средни претпријатија и за заштита на животната средина

Владата на Република Македонија е силно фокусирана да обезбеди здрава и чиста животна средина за граѓаните на Македонија. На државата и се потребни капитални инвестиции што можат значително да го подобрат квалитетот на живот на граѓаните.

Pages