Соопштенија

Средба на премиерот Заев со вицепремиерот на Република Турција, Чавушоглу: Поддршка за интеграциите на Република Македонија во НАТО и ЕУ и унапредување на економската и трговската соработка

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска се сретна со заменик претседателот на Владата на Република Турција, Хакан Чавушоглу.

Одржана дебата на тема „Утврдување на потребата за можни измени во Законот за медиуми“

„Оваа дебата ја отвораме единстевено на барање на новинарите и на претставниците на медиумската индустрија, бидејќи во повеќе наврати беше побарано да се допрецизираат некои одредби кои се однесуваат на интернет порталите. За тоа дали треба, или не, да постои утврден регистер за нив, како и за прашањата за одговорноста на вработените во овие портали“, нагласи министерот Поповски.

Јавен повик за формирање на Совет за соработка со и развој на граѓанскиот сектор

Јавен повик за формирање на Совет 2017

Премиерот Заев на средба со поранешниот словенечки премиер Роп: Поддршката од Словенија е важна во интеграциските процеси на Македонија во ЕУ и НАТО

На средбата беа разменети размислувања и искуства што Република Словенија ги имала во процесот на пристапување и интегрирање во ЕУ и НАТО, кои заеднички беа оценети како исклучително корисни за Република Македонија во продолжување на процесите за европската и евро-атлантската интеграција на земјата.

Повик за придонес во подготвувањето на Предлог измени и дополнувања на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер

Предлозите треба да ги содржат следните податоци: име и презиме на авторот на документот или предлогот, односно име и адреса на организацијата или институцијата.

Владите на Република Македонија и на Сојузна Република Германија потпишаа спогодба за финансиска соработка 2017 година

Спогодбата опфаќа реализација на два клучни проекти: Програма за наводнување на јужната долина на реката Вардар фаза 2 и Програмата за водовод и канализација фаза 2, чии договори за финансирање исто така беа потпишани денеска од страна на корисниците на грант средствата кои воедно се имплементатори на двете значајни програми.

Премиерот Зоран Заев му го честиташе изборот за канцелар на Република Австрија на Себастијан Курц

Во честитката упатена до новиот канцелар на Република Австрија, премиерот Заев искажува убеденост дека Република Австрија и понатаму ќе биде важен пријател на Република Македонија, а воедно, како што стои во честитката „заеднички ќе придонесеме за постабилен и попросперитетен регион во светло на европските интеграции“.

Македонија направи значаен исчекор, реформите да продолжат за граѓаните и за напредок во евро-атлантските интеграции

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров денеска присуствуваа на работен ручек и советодавна дискусија во однос на евро-атлантските процеси на Република Македонија и Балканот со странски експерти.

Премиерот Заев, вицепремиерот Османи и вицепремиерката Шекеринска на конференција „Патот понатаму за Република Македонија“

Тргнувајќи од очекувањата на граѓаните, знам дека бескомпромисната борба со корупцијата во практикувањето на политиката, како и транспарентноста, пристапноста, отвореноста и свесноста на владата за потребите на луѓето, се основните столбови врз кои треба да се стекне и изгради довербата на граѓаните. На сите граѓани во нашето општество.

За активна транспарентност и за усовршување на легислативата во полза на граѓаните отворена е дебата за измени на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер

Министерот без ресор, задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, истакна дека освен политичката волја, забележани се и други можности за унапредување на примената на законот, како и за подобри ефекти од него за граѓаните, особено во делот на законските рокови за испорака на одговори на барањата за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Pages