Соопштенија

Премиерот Заев на работната вечера со премиерите на земјите од Западен Балкан со Могерини во Брисел: 2018 година ја гледаме како клучна за голем исчекор на сите држави од регионот во пристапувањето кон ЕУ

Една од заедничките констатации на лидерите од регионот и на еврокомесарката Могерини, е оценката дека 2017 година, е година на успех за регионот Западен Балкан.

Прва работилница за градење капацитети и подигнување на свеста за искористување на можностите за соработка со зелениот климатски фонд

Работилницата е дел од иницијативата на ФАО за поддршка на националната подготвеност за искористување на можностите од ЗКФ, преку градење на капацитетите и подготвеноста на државните институции за искористување на средства од Фондот за ниско-емисион одржлив развој и отпорност кон климатските промени.

Министерот Роберт Поповски на дебата: Ја отвораме дебатата за поддршка на печатените медиуми за да обезбедиме плурализам во медиумскиот избор за граѓаните

Министерот Поповски нагласи дека Владата ги следи забелешките на експертската група на Прибе кои се однесуваат на економските предизвици на печатените медиуми и потребата од поддршка од страна на државата со цел надминување на потенцијалната закана за слободни и плуралистички медиуми што е од суштинско значење за секоја демократија.

Средба на премиерот Заев со унгарскиот министер за надворешни работи, Сијарто: Унгарија ги поддржува интеграциите на Македонија во ЕУ и НАТО, а ќе се унапредува економската соработка

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи, Никола Димитров и државниот секретар на МНР, Виктор Димовски, попладнево се сретна со Петер Сијарто, министер за надворешни работи и трговија на Унгарија.

Премиерот Заев по повод пуштање на пречистителна станица за отпадни води во Струмица: Со поддршката на граѓаните на ЕУ ги исполнуваме европските стандарди за заштита на животната средина како наш врвен приоритет

Пуштањето во употреба на пречистителната станица за третман на отпадни води во Струмица.

Премиерите Заев и Рама од Пустец: Ги унапредуваме односите и низ грижа за малцинските права

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, заедно со неговиот колега, премиерот на Република Албанија, Еди Рама денеска беше во посета на општината Пустец. 

Премиерот Заев по меѓувладината седница во Поградец: Потпишавме значајни документи за граѓаните на Македонија и Албанија, градиме иднина

Премиерот Заев констатираше дека Македонија и Албанија ги водат одговорни политички раководства, без предрасуди, носејки одлуки искрено, транспарентно и отворено, со цел подобрување на животот на граѓаните.

Заедничка седница на владите на Македонија и Албанија во Поградец, премиерите Заев и Рама оценија дека е отворено ново поглавје во билатералните односи

Воведното обраќање на премиерот Зоран Заев на заедничката седница на владите на Република Македонија и Република Албанија.

Препораки на Интервентната акциска група за итните мерки против загадувањето на воздухот

Интервентната акциска група разовараше за итните мерки и активности кои произлеуваат од одлуката на 40-тата седница на владата, и од уредбата за намалување на граничните вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции, која е донесена на 42-та седница на владата, и која стапува на сила денеска.

Премиерот Заев со претставници на Сенатот на Република Италија: Jа поздравуваме континуираната поддршка на Италија за Македонија и за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ

Особено значајни се контактите и соработката меѓу Собранието на Република Македонија и двата дома на италијанскиот парламент, на прашања поврзани со аспирациите на нашата земја за членство во НАТО и ЕУ, беше нагласено на оваа средба.

Pages