Соопштенија

Премиерот Заев пред претставниците на бизнис заедницата на Косово: Создаваме стабилна бизнис клима и одржлив економски модел што Македонија ја позиционира како стабилна бизнис дестинација за инвеститорите од Косово

Да испратиме силни пораки дека како одговорни влади имаме обврска да создаваме силна основа за развој на економската соработка. Таков може да биде заедничкиот царински терминал на кој ќе ги олесниме максимално процедурите и ќе ја сведе на едноставна формалност царинската постапка.

Премиерот Заев се сретна со Претседателот на Собранието на Република Косово, Кадри Весели: Република Македонија и Република Косово стремат кон заедничка иднина во ЕУ и НАТО

„Со оваа посета испраќаме силни и искрени пораки во двете земји, дека градиме општества на еднакви граѓани. Настојуваме и создаваме услови да ги постигнеме европските стандарди“, рече премиерот Заев на средбата со Претседателот на Собранието на Република Македонија Кадри Весели.

Буџет на МТСП за 2018 година - повеќе пари за детски градинки и минимална плата, укинати нерационални трошоци

Буџетот е дизајниран во насока на поддршка на социјално загрозените категории и за инклузија и помош на ранливите групи на граѓани.

Премиерот Заев на средба со премиерот Харадинај во Приштина: Отвораме нови можности за натамошно унапредување и продлабочување на нашите меѓусебни односи

Тука сме за да одиме чекор понатаму: да отвориме нови можности за натамошно унапредување и продлабочување на нашите меѓусебни односи. Се надеваме дека во иднина ќе имаме почести официјални и работни средби на високо ниво. Тоа ќе даде нова енергија и динамика на нашата соработка.

Владата на Република Македонија ќе ја одржи 42-та седница

На предлог на Министерството за надворешни работи министрите ќе ја разгледаат и информацијата за учеството на македонската делегација на Самитот на претседатели на Влади од Централно-европската иницијатива (ЦЕИ).

Премиерот Заев и еколошките здруженија отворено разговараа за сите аспекти за заштита на животната средина и се согласија за интензивна натамошна соработка

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, придружуван од заменик министерот за животна средина Јани Макрадули и од својот советнички тим, синоќа оствари средба со претставници од граѓанската иницијатива „О2 коалиција за чист воздух“ и со други еколошки граѓански организации, активисти и поединци.

Премиерот Заев на средба со членовите на Националниот комитет за спречување на насилниот екстремизам и борба против тероризмот: Тероризмот не познава религии, иднината е во регионална заедничка стратегија за борба против насилните закани

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска прими делегација на Националниот комитет за спречување на насилниот екстремизам и борба против тероризмот.

Премиерот Заев со романскиот амбасадор Станила: Сочувство до народот на Романија по повод смртта на поранешниот романски крал Михаил Први

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, го прими во посета амбасадорот на Република Романија во Скопје, неговата екселенција Виорел Станила.

Премиерот Заев: Македонија е разбудена, да ги слушаме реакциите на јавноста

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, денеска, веднаш после настанот „Корупција – непосредна закана за човековите права“, одговараше на повеќе прашања од интерес на новинарите.

Премиерот Заев: Нула толеранција за корупцијата и нула толеранција за кршење на човековите права - и ништо помалку

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска учествуваше и се обрати на настанот „Корупција – непосредна закана за човековите права“, во организација на Хелсиншкиот комитет за човекови права, по повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата и Меѓународниот ден на човековите права, што се одржа на Правниот факултет „Јустинијан Први“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Pages