Соопштенија

Ставрески: Помали царини за 100-тици производи за поддршка на индустријата

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска информира дека Владата на синоќешната седница прифати измени на Законот за царинска тарифа со кој се намалува царината на 100-тици производи, пред се репроматеријали и суровини што се користат во индустријата.

Министерот Тодоров ги презентираше измените на Законот за лекови и медицински помагала

Измените на Законот за лекови и медицински помагала предвидуваат сериозни промени и регулација на системот односно пазарот на лекови. Се овозможува да се врши паралелен увоз на лекови, кој значи дека еден ист лек од ист производител може паралелно да се увезува на територија на Македонија.

Со измените на Законот за лековите и медицинските помагала се дава можност за паралелен увоз на лекови

Со измените на Законот за лековите и медицинските помагала се овозможува паралелен увоз на лекови во Македонија, што значи дека било која веледрогерија може да изврши увоз на лек кој е веќе регистриран во земјата, без разлика дали лекот е увезуван и има одобрение за увоз за друга веледрогерија.

Од седница на Владата: До 1 јануари да се усвои законот за минимална плата, предвидени казни за непочитување на одредбите

За ова решение се чекаше од независноста на Република Македонија. Тоа што го најавивме за време на изборите, сега се реализира и во јавноста ја соопштивме одлуката дека договор е постигнат, рече министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, образложувајќи го Предлог-законот за минимална плата на денешната отворена владина седница.

Од седница на Владата: Помали царини за стоки наменети за индустријата од 1 јануари 2012

Согласно програмата за работа на Владата во делот на царинската тарифа и поддршка на бизнис климата, предвидени се активности за намалување на царинските давачки од 1 јануари 2012 на повеќе видови стоки што се наменети за неколку индустрии и сектори значајни за вкупната економска активност во државата, најави вицепремиерот и мининистер за финансии Зоран Ставрески на денешната отворена владина седница.

Од седница на Владата: МЖ Транспорт треба да се поднови со пет нови локомотиви и 160 вагони

Возниот парк на Македонски железници АД Транспорт Скопје треба да биде обновен со пет нови локомотиви и 160 товарни вагони.
Владата денеска на отворената седница го усвои мислењето на Комисијата за екомски систем за подобрување на состојбата со железничкиот транспорт во Македонија.

Од седница на Владата: Догодина предвидени 500 милиони денари за изградба на ТИРЗ

„Џонсон контролс“ за 10 дена почнува со префрлање на машините во постоечкиот објект на „Македонска“ во Штип и со пробно производство, информира на денешната отворена владина седница Виктор Мизо, директор на Технолошко индустриската развојна зона (ТИРЗ) Бунарџик.

Changes in the medicines and medical devices regulation provide an opportunity of parallel imports of medicines

Changes in the Medicines and medical devices regulation Act provide parallel imports of medicines, which means that each wholesale medical supplier can import medicine which is previously registered in the country, regardless if it has been previously imported and has an import permit of another wholesale medical supplier.

Customs for goods intended for industry to be reduced as of Jan. 1, 2012

In accordance with government’s programme in the sphere of customs tariffs and support to business climate, activities for reduction of customs tariffs for goods intended to several industries and sectors for overall economic activity in the country are foreseen as of Jan. 1, 2012, Zoran Stavreski, Deputy PM and Finance Minister, announced at Sunday’s open government session.

Договорена либерализација на транспортот меѓу Македонија и Летонија

Состанокот на мешовитата комисија за меѓународен патен сообраќај на патници и стока помеѓу Република Македонија и Република Летонија (Латвија) беше парафиран текст на спогодба за меѓународен патен сообраќај каде се предвидува целосна либерализација...

Pages