Соопштенија

Ставрески: Догодина повеќе пари во Буџетот за инфраструктурни инвестиции

Следната година ќе има повеќе пари во Буџетот за инфраструктурни проекти, како и средства за започнување на реконструкцијата и доизградбата на пругата на Коридорот 8 кон Бугарија и за проектот „Купи куќа, купи стан“.
Ова го вети вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на денешната средба со стопанствениците во Градежната комора при Сојузот на стопанските комори на Македонија (ССК).

Stavreski: More Funds from the Budget for Infrastructural Investments Next Year

Next year there will be more money in the Budget intended for infrastructural projects, as well as funds for starting the reconstruction and completing the construction of the railroad at the Corridor 8 towards Bulgaria, and for the “Buy a house, Buy a Flat” project.

Италијанска инвестиција од 10 милиони евра во изградба на трговски центар во Петровец

Со поставување камен-темелник во општина Петровец денеска почна изградба на мултифункционален трговски центар, инвестиција на италијанската групација Еуроиталија во вредност од 10 милиони евра. Деловниот објект ќе се простира на површина од 10.000 квадратни метри и треба да овозможи 100 нови работни места.

Промоција на 13 нови книги од медицинските науки во рамки на проектот за превод на 1000 стручни книги

Тринаесет нови наслови на книги од областа на медицинските науки беа промовирани денеска во рамки на проектот „Превод на 1000 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија“.

An Italian Investment of 10 Million Euros in Construction of a Shopping Centre at Petrovec

By laying the cornerstone in the municipality of Petrovec, the construction of a multifunctional shopping centre began today, an investment of the Italian group Euroitalia worth 10 million euros. The business building will span across an area of 10.000 square meters and should provide 100 new jobs.

Средба Груевски - Хејг во Лондон

Премиерот Никола Груевски во рамки на посетата на Лондон по повод Инвестицискиот форум „Обединето Кралство - Македонија“, за презентација на можностите за правење бизнис пред потенцијалните британски инвеститори, денеска се сретна со шефот на британската дипломатија Вилијам Хејг.

Груевски: Третото место на Македонија на листата топ реформатори на СБ валоризација на сработеното

Веста од Светската банка дека Македонија има огромен напредок во делот на реформите за создавање добра бизнис клима и за креирање бизнис е голем успех за нас и сериозна валоризација од институција, која што нема политички пресметки кога ги прави овие рангирања туку оценува само стручно според направените реформи и нивното спроведување особено во делот на економијата и економските промени што се направени во земјата.

Ставрески: Македонија трет топ реформатор во светот во Извештајот на Светска банка за водење бизнис

Република Македонија е трет топ реформатор во светот оваа година, според Извештајот на Светска банка „Дуинг бизнис 2012“, по Мароко и Молдавија. Во Извештајот, објавен денеска, таа се искачи за 12 места од 34 на 22 место. Таа е лидер во Западен Балкан и подобра е од 19 земји членки во ЕУ.

Stavreski: Macedonia third top reformer in the world according to World Bank Doing Business Report

Republic of Macedonia is the thrid top reformer in the world this year according to World Bank "Doing Business 2012” Report, following Morocco and Moldova. According to the Report, released today, it moved 12 places from 34th to 22nd place.

Груевски: Македонија е добра земја за водење бизнис, потврда е присуството на странските инвеститори

Македонија е добра земја за водење бизнис, тоа најдобро го потврдува Светската банка која преку листата на Дуинг Бизнис неколку години по ред ја става Македонија на врвот на листата на реформатори и поволни бизнис дестинации, а значаен напредок забележуваме и на листата на Форбс.

Pages