Соопштенија

Премиерот Заев на средбата со Синдикатот на МЖ Транспорт: Ги разгледуваме можностите за трајно и системско решение на проблемите во Македонски железници

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска оствари средба со претставници на Синдикална организација на вработените на подружница влеча на возови во МЖ Транспорт, предводени од претседателот на синдикатот, Ѓоко Илиевски.

Предлог Законот за енергетика во прилог на македонските граѓани

Вицепремиерот Анѓушев истакна дека станува збор за предлог закон, кој е резултат на повеќедецениско европско искуство во енергетиката и ќе спречи да се прават грешки кои се правеле во минатото, а дека ќе овозможи енергетското живеење во Македонија да се доведе во рамки кои се најдобрите европски пракси.

Министерот Алаѓозовски го претстави буџетот за 2018-та: Повеќе пари директно во културата

Министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски на денешната прес–конференција во Владата на РМ го претстави предлог-буџетот за 2018 година и неговите клучни аспекти.

Премиерот Зоран Заев на Конференцијата на Евро-атлантскиот совет на Македонија: Ова е клучна фаза за поголемо вклучување на младите во остварувањето на нашите стратешки цели - членството во НАТО и ЕУ

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, учествуваше на Завршната конференција насловена „Зајакнување на младинскиот дијалог за промоција на демократските процеси во духот на евро–атлантските интеграции“ во организација на Евро-атлантскиот совет на РМ (АТА Македонија).

Остануваме на нашето уверување дадено пред граѓаните во врска со рудниците; Разговараме интензивно да ги пополниме испразнетите министерски и други места

На барање на претставниците на медиумите, премиерот Заев по конференцијата одговори на повеќе прашања од актуелен интерес на граѓаните.

Премиерот Заев по средбата со Претседателот на Косово Тачи: Немаме отворени прашања, отвораме ново значајно поглавје во нашата соработка

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, придружуван од владина делегација оствари средба со косовскиот претседател, Хашим Тачи.

Премиерот Заев пред претставниците на бизнис заедницата на Косово: Создаваме стабилна бизнис клима и одржлив економски модел што Македонија ја позиционира како стабилна бизнис дестинација за инвеститорите од Косово

Да испратиме силни пораки дека како одговорни влади имаме обврска да создаваме силна основа за развој на економската соработка. Таков може да биде заедничкиот царински терминал на кој ќе ги олесниме максимално процедурите и ќе ја сведе на едноставна формалност царинската постапка.

Премиерот Заев се сретна со Претседателот на Собранието на Република Косово, Кадри Весели: Република Македонија и Република Косово стремат кон заедничка иднина во ЕУ и НАТО

„Со оваа посета испраќаме силни и искрени пораки во двете земји, дека градиме општества на еднакви граѓани. Настојуваме и создаваме услови да ги постигнеме европските стандарди“, рече премиерот Заев на средбата со Претседателот на Собранието на Република Македонија Кадри Весели.

Буџет на МТСП за 2018 година - повеќе пари за детски градинки и минимална плата, укинати нерационални трошоци

Буџетот е дизајниран во насока на поддршка на социјално загрозените категории и за инклузија и помош на ранливите групи на граѓани.

Премиерот Заев на средба со премиерот Харадинај во Приштина: Отвораме нови можности за натамошно унапредување и продлабочување на нашите меѓусебни односи

Тука сме за да одиме чекор понатаму: да отвориме нови можности за натамошно унапредување и продлабочување на нашите меѓусебни односи. Се надеваме дека во иднина ќе имаме почести официјални и работни средби на високо ниво. Тоа ќе даде нова енергија и динамика на нашата соработка.

Pages