Соопштенија

Отворен ден со Армијата на Република Македонија

На денешниот отворен ден присуствуваа министерката за одбрана Радмила Шекеринска и началникот на ГШ на АРМ, генерал потполковник Величковски, воено дипломатскиот кор во Република Македонија и други високи претставници на МО и АРМ.

Шекеринска на трибината „НАТО и ТИ“: Членството на Македонија во Алијансата ќе ја гарантира безбедноста и ќе овозможи економски раст

Министерството за одбрана денеска по повод Денот на НАТО организираше трибина „НАТО и ТИ“ на која министерката за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за финансии Драган Тевдовски, амбасадорот на САД Џес Бејли, хрватската амбасадорка Данијела Баришиќ и шефот на Канцеларијата за врски на НАТО капетанот Горазд Бартол дискутираа за тоа што претставува НАТО-Алијансата, зошто Македонија сака да биде дел од неа и кои се придобивките од членството за државата и за македонските граѓани.

Премиерот Заев на македонско-словенечкиот бизнис форум: Можете да остварите сериозен профит во Македонија работејќи на отворените инвестициони перспективи

„Доаѓа време кога треба да го фатиме зенитот на тоа пријателство и да ги искористиме традиционалните врски на соработка кои може да донесат бенефит и за двете земји, и за Република Македонија и за Република Словенија“, порача премиерот Заев.

Премиерот Заев на средба со претставници на АТА: Сега е моментот да се искористи шансата за влез на Македонија во НАТО и ние сериозно се надеваме на тоа

Премиерот Заев, честитајќи го Денот на НАТО, кој денеска се одбележува со повеќе активности во државата, ги информираше гостите дека Владата со поддршка на граѓаните и меѓународните партнери го трасира и не отстапува од патот за интеграција на Република Македонија во Северно-атлантската алијанса и ЕУ.

Средба на премиерот Заев со амбасадорката на ОБСЕ во заминување, Суомалаинен: Да се искористи позитивниот моментум за напредок на Македонија

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со Нина Суомалаинен, амбасадорката на ОБСЕ во заминување, поради завршувањето на нејзиниот мандат во земјава.

Прес-конференција на портпаролот на Владата на Република Македонија, Миле Бошњаковски и министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска по редовната 62-ра седница на Владата на Република Македонија

Видео од прес-конференцијата на портпаролот на Владата на Република Македонија, Миле Бошњаковски и министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска по редовната 62-ра седница на Владата на Република Македонија.

Османи: Од Скопје до Приштина ќе се патува за помалку од еден час

Во просториите на Секретаријатот за европски прашања се одржа првиот Министерски состанок на кој се разгледаа можностите и се идентификуваа првичните чекори за навремена подготовка и реализација на проектот за Изградбата на патниот правец Скопје - Блаце. Со состанокот претседаваше Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за европски прашања, Бујар Османи, кој со одлука на Владата беше назначен за координатор Министерската група за овој проект.

Средба помеѓу Вицепремиерот Анѓушев и словенечкиот министер за економија Почивалшек: Словенија и Македонија имаат голем потенцијал за економска соработка

На состанокот се разговараше за економската соработка помеѓу двете земји, како и за интензивирање на соработката во туризмот и во земјоделието.

Премиерот Заев со словенечкиот премиер Церар: Словенија потврди дека е силен сојузник за евро-атлантските аспирации на Македонија, се прават конкретни чекори и за развој на економската соработка

Премиерот Заев додаде дека „Република Словенија е добар пример како се напредува на економски и евро-атлантски план, а денеска добивме уште една потврда дека во Словенија имаме силен сојузник за нашите аспирации за членство во ЕУ и НАТО“.

Премиерот Церар и словенечка делегација во посета на Република Македонија

Премиерот на Република Словенија Миро Церар и словенечка елегација во посета на Република Македонија. Видео инсерти и фотографии од свечениот пречек и билатералната средба на македонската и словенечката делегација.