Соопштенија

Прес-конференција на министерот за здравство, Венко Филипче: Владата донесе одлука за локација на новиот Клинички центар

Сакаме да добиеме модерна зграда, во којашто ќе имаме можност да дадеме интегрирани, модерни, здравствени услуги на сите граѓани на нашата земја. Освен зградата за клиничкиот центар на новата локација е предвидено да се смести и Медицинскиот факултет, понатаму соодветен истражувачки центар, па евентуално и кампус за сместување на студентите по медицина.

Со подобра исхрана на децата во градинките и училиштата, до квалитетен ран детски раст и развој

На денешната работилница на тема „Со подобра исхрана на децата до подобро здравје и благосостојба“ се обратија министерката за образование Рената Дескоска, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, претставникот на УНИЦЕФ во Македонија, Бенџамин Перкс, како и заменик министерот за здравство, Гоце Чакаровски.

Премиерот Заев на средба со Здружението на комунални инспектори на Македонија: Ќе се подобрува статусот на комуналните инспектори како клучен фактор во подобрување на животната средина

Премиерот Заев ја оцени оваа средба како можност да се поразговара за важни теми од комуналната сфера која што е клучна за подобрување на здравата животна средина и екологијата.

Премиерот Заев на средба со претставници на ЕБОР: Реформската агенда и капиталните инвестиции се врвни приоритети, ќе ја интензивираме соработката со ЕБОР

На средбата се разменија мислења за новите позитивни трендови по кои економијата во Република Македонија се стабилизира, за идните очекувања на економски план како и за области на соработка во кои Европската банка за обнова и развој може да придонесе со своја помош и поддршка преку проектите што ги спроведува во земјите од Западен Балкан.

Владата на Република Македонија ги решава наследените економски проблеми: Од пад на БДП во првата половина, до раст во четвртиот квартал

Согласно податоците за бруто домашниот производ (БДП) за изминатата година од Државниот завод за статистика на Република Македонија, може да се заклучи дека со имплементација на реформските политики, економијата во државата почнува да расте.

Видео порака од заменичката на генералниот секретар на НАТО Роуз Готемелер до министерката за одбрана Радмила Шекеринска и жените во Република Македонија

Пораката на Готемелер беше емитувана на трибината во организација на министерството за одбрана на тема „Родова перспектива во одбраната“ по повод Меѓународниот ден на жената.

Премиерот Заев и сопругата Заева, министерките Шекеринска и Царовска, како и министерот Филипче го поддржаа маршот за правата на жените

Премиерот Заев им даде поддршка на граѓанските организации и активисти за остварување на целосна родова еднаквост и поголема застапеност на жените во сите општествени сфери.

Средба на премиерот Заев со делегација од Црвениот Крст: Со взаемна соработка ќе ги зајакнеме капацитетите на организацијата и ќе помогнеме на повеќе граѓани на кои им треба помош

Премиерот Заев денеска оствари средба со делегација од Црвениот Крст на Република Македонија, предводена од Генералниот секретар на организацијата, Саит Саити.

Средба на премиерот Заев со индиската компанија „JSW“: Планот за економски раст отвора можности, изразен интерес за нови инвестиции

На средбата се разговараше за новите можности за инвестиции коишто се отвораат за компаниите преку новите мерки за поддршка предвидени во Планот за економски раст, за природниот потенцијал со којшто располага Република Македонија, како и за позитивните аспекти на деловниот амбиент во Република Македонија.