Соопштенија

Со повеќе настани на 11 и 12 март во Скопје, Битола и Штип ќе биде одбележана 75-годишнината од холокаустот на македонските Евреи

75-годишнината од холокаустот на македонските Евреи во Втората светска војна годинава ќе биде одбележана со низа случувања во спомен на овој трагичен настан, во организација на Еврејската заедница во Република Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, а под покровителство на Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.

Голем интерес за мерките од Планот за економски раст во Куманово – Анѓушев: Владата дава поддршка за развој на компаниите во Куманово и во цела Македонија

Во 2018 година ќе се издвојат средства во буџетот со кој ќе се започне практична реализација на нова индустриска зона во Куманово, за побрз економски развој на градот и регионот.

Македонија бележи раст на БДП, на вработеноста и на индустриското производство

Новите економски политики, реформските процеси, реафирмацијата на ЕУ и НАТО интеграциски процеси на Република Македонија придонесоа економијата да се стабилизира и да почне да бележи стапки на раст на БДП. 

Одбележена европската недела на стартапи - Анѓушев: со планот за економски раст се овозможува силна поддршка за старт ап компаниите

Старт ап, микро, малите и средни компании со мерките од Планот за економски раст ќе добијат силна поддршка, што ќе придонесе за повисок раст и побрз развој на македонската економија.

Средба на премиерот Заев со австриска делегација на дипломати и амбасадори од регионот: Има мотивираност за придвижувања во ЕУ интеграциите, за време на претстојното австриско претседателство

Претседателот на Владата на Република Македонија се сретна со делегација на австриски дипломати и амбасадори од регионот.

Прес-конференција на министерот за здравство, Венко Филипче: Владата донесе одлука за локација на новиот Клинички центар

Сакаме да добиеме модерна зграда, во којашто ќе имаме можност да дадеме интегрирани, модерни, здравствени услуги на сите граѓани на нашата земја. Освен зградата за клиничкиот центар на новата локација е предвидено да се смести и Медицинскиот факултет, понатаму соодветен истражувачки центар, па евентуално и кампус за сместување на студентите по медицина.

Со подобра исхрана на децата во градинките и училиштата, до квалитетен ран детски раст и развој

На денешната работилница на тема „Со подобра исхрана на децата до подобро здравје и благосостојба“ се обратија министерката за образование Рената Дескоска, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, претставникот на УНИЦЕФ во Македонија, Бенџамин Перкс, како и заменик министерот за здравство, Гоце Чакаровски.

Премиерот Заев на средба со Здружението на комунални инспектори на Македонија: Ќе се подобрува статусот на комуналните инспектори како клучен фактор во подобрување на животната средина

Премиерот Заев ја оцени оваа средба како можност да се поразговара за важни теми од комуналната сфера која што е клучна за подобрување на здравата животна средина и екологијата.

Премиерот Заев на средба со претставници на ЕБОР: Реформската агенда и капиталните инвестиции се врвни приоритети, ќе ја интензивираме соработката со ЕБОР

На средбата се разменија мислења за новите позитивни трендови по кои економијата во Република Македонија се стабилизира, за идните очекувања на економски план како и за области на соработка во кои Европската банка за обнова и развој може да придонесе со своја помош и поддршка преку проектите што ги спроведува во земјите од Западен Балкан.

Владата на Република Македонија ги решава наследените економски проблеми: Од пад на БДП во првата половина, до раст во четвртиот квартал

Согласно податоците за бруто домашниот производ (БДП) за изминатата година од Државниот завод за статистика на Република Македонија, може да се заклучи дека со имплементација на реформските политики, економијата во државата почнува да расте.