Министерката без ресор, задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска во име на Владата на Република Македонија денеска потпиша Договор за државна помош со американската компанија ТЕЛАМОН, претставувана од директорот на претставништвото во Скопје, Том Пуза.

Министерката Апостолска информираше дека компанијата Теламон Корпорејшн од САД, која се занимава со производство на кабли и е присутна на американскиот пазар и пазарите во Мексико и Кина, планира почетна инвестиција во Македонија од четири милиони евра и 300 нови работни места, со проекција во Развојниот план да биде достигната вредност од околу 11 милиони евра и отворање на 600 нови работни места.

Посочувајќи дека предвидената поддршка е во делот на поврат по основ на инвестициски вложувања, вработувања со плати над 18.000 денари, извоз, корпоративен и персонален данок, министерката Апостолска подвлече дека инвестицијата која ќе биде во Инџиково, општина Гази Баба, е огромна придобивка која позитивно ќе влијае на Бруто домашниот производ (БДП), со оглед на тоа што ќе овозможи нови работни места, трансфер на стручни знаења и зголемена соработка со домашните компании.

Премиерот Заев, во своето обраќање, истакна дека Владата останува посветена на создавање на поволна деловна понуда и потенцираше дека во таа насока, поканата што ја доби Македонија за пристапни разговори за членство во НАТО, уште повеќе ја зацврстува сликата за Македонија како посакувана, стабилна бизнис дестинација.

„Граѓаните ќе го поддржат членството на нашата земја во НАТО и ЕУ, бидејќи знаат дека придобивките се огромни и имаат една голема и посакувана цел - подобрување на квалитетот на живот за сите“, рече премиерот Заев.

Тој се осврна на важноста на новите инвестиции, кои  ќе отворат нови работни места, ќе придонесат за инвестирање во новото знаење и технологиите (know-how) и со реформите во образованието, ќе придонесат за создавање услови за зголемување на конкурентноста на домашната економија што значи зголемување на извозот и трговијата и побрз економски раст.

Премиерот Заев, заедно со вицепремиерот Анѓушев посакувајќи и успешна работа на компанијата ТЕЛАМОН, потенцираа дека позитивните резултати од реалните развојни економски политики на Владата се покажуваат и преку  фактот што постои голем интерес за нови странски и домашни директни инвестиции во Република Македонија.

„Ова е една од бројните странски инвестиции кои дојдоа во последните месеци во Република Македонија. Компанијата Теламон има над 2.000 вработени, функционира во повеќе држави во светот и има 784 милиони долари промет на годишно ниво, рече вицепремиерот Анѓушев, изразувајќи задоволство дека успешните компании ја препознаваат Македонија како место кое е добро за развој на нивниот бизнис и идни стратегии.

Вицепремиерот Анѓушев истакна дека компанијата е дојдена во земјата пред само шест месеци и за толку кусо време се направени подготовките. Тој повтори дека според статистичките податоци Владата на Република Македонија бележи значителни успеси.

„Првиот квартал во 2018 година, странските инвестиции бележат вредност од 235 милиони евра, што е повеќе од било кој квартал , тргнувајќи од 2007 година па наваму. Исто така, стапката на невработеност е намалена за 1,3 проценти или сега го има историскиот минимум од 21, 6 проценти. Извозот е зголемен за 14 проценти“, оцени Анѓушев, додавајќи дека сите бројки покажуваат дека Владата е на добар пат за раздвижување на економијата и дека со санирање на нискоградбата се очекуваат позитивни резултати на целокупната економска слика во државата.

Директорот на ТЕЛАМОН Европа ДООЕЛ Скопје, Том Пуза го изрази задоволството од соработката со Владата и потенцираше дека стратешкиот план на компанијата е остварување на долгорочна соработка, настојувајќи на сеопфатен пристап и позитивно влијание врз сите граѓани.

Директорот Пуза, потенцирајќи ги приоритетите на компанијата, објасни дека изборот за инвестирање во Македонија, менаџментот го направил чувствувајќи го топлиот пречек, но и покажувањето на интерес и отвореност за инвестиции во земјата, што влева оптимизам за остварување на сите актуелни и идни перспективи на компанијата.

 


 

Премиерот Заев на потпишувањето на Договорот за државна помош со компанијата ТЕЛАМОН: Владата останува партнер на сите бизнис планови и идеи, кои овозможуваат нов работни места и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните

 

Премиерот Зоран Заев заедно со владина делегација присуствуваше на потпишувањето на Договорот за државна помош, кој со претставници на компанијата ТЕЛАМОН, од име на Владата на Република Македонија го потпиша министерката без ресор, задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска.

Обраќајќи се пред присутните, претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев истакна:

„Почитуван заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања, Анѓушев,

Почитувани министри во Владата на Република Македонија,

Почитуван Том Пуза директор на компанијата „Теламон Европа“, почитувани претставници на менаџментот,

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

На мое огромно задоволство, денеска потпишуваме договор за нова инвестиција на американската компанија „Теламон“, којашто влегува во земјава, по новите политики на Владата на Република Македонија на транспарентни и еднакви критериуми за сите заинтересирани инвеститори од дома и странство.

Остануваме силно посветени на создавање на поволна деловна бизнис и атрактивна понуда за да можат инвеститорите да ја препознаат Македонија како стабилна, долгорочна бизнис дестинација, којашто обезбедува сигурност на нивната инвестиција и вложениот капитал.

Во таа насока, поканата што ја добивме за пристапни разговори за членство во НАТО, уште повеќе ќе ја зацврсти оваа позиција на Република Македонија, како посакувана и стабилна бизнис дестинација.

Граѓаните ќе го поддржат членството на нашата земја во НАТО и ЕУ, бидејќи знаат дека придобивките се огромни и имаат една голема и посакувана цел - подобрување на квалитетот на живот за сите. Новите инвестиции, како оваа, ќе отворат нови работни места, кои проследени со инвестиции во новото знаење и технологија (know-how), како и реформите во образованието, ќе придонесат за зголемување на конкурентноста на домашната економија.

Зголемената конкурентност ќе значи зголемување на извозот и трговијата, и побрз економски раст.

Со тоа македонската економија ќе биде подготвена да се натпреварува и да соработува со своите трговски партнери на големиот европски пазар.

Радува и фактот што постои голем интерес за нови странски директни инвестиции во Република Македонија. Особено што тој интерес произлегува како резултат од реалните развојни економски политики што ги спроведуваме, од почетокот на оваа Влада Денешното потпишување на договор со американската компанија „Теламон“ го потврдува тоа.

На директорот и на менаџментот на компанијата „Теламон“ им посакувам успешна работа и реализација на зацртаните инвестициски цели!

Владата на Република Македонија останува ваш партнер во реализацијата на вашите бизнис планови и идеи, особено на оние кои ќе овозможат отворање на нови работни места и повисоки плати за граѓаните! Благодарам“.

 

 

 

Прославата по повод поканата на Република Македонија за членство во НАТО и по повод датумот за преговори за членство во ЕУ, се организира врз основа на Одлука и заклучоци од Седница на Владата на Република Македонија, одржана на 10.07.2018 година.

Согласно законските прописи Владата започна соодветни постапки за реализација и формираше организационен одбор за одбележување на овој настан предводен од м-р Роберт Алаѓозовски, Национален координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка.

Организацијата на целиот настан, обезбедувањето на соодветна техника, озвучување, осветлување, бини, ангажман на 45 изведувачи коишто ќе настапат во 15 градови ширум Македонија, изработка на промотивни материјали, изработка и печатење на промотивен материјал за информирање на граѓаните (летоци, постери), трошоци за продукција и пост продукција, ќе биде обезбедено од буџетот на Владата на Република Македонија, а сумата ќе биде објавена веднаш штом се завршат сите пресметки. 

За прославата се ангажирани исклучиво домашни изведувачи, а изборот на градови е согласно рамномерна географска застапеност.

Концептот подразбира децентрализација, квалитетна и различна музика во многу градови, одлична културна програма. Одлучивме музиката да ја донесеме кај граѓаните. Без автобуси, без списоци, без принуди.

Прославата ја поддржаа и локалните самоуправи, со организациска и логистичка помош.

Информираме дека Владата не се рекламира на медиумите и затоа промоцијата во претстојните три дена се одвива исклучиво преку социјалните медиуми и теренски со печатени материјали.

Македонија заслужи да прослави и затоа ја повикуваме опозицијата да им честита на граѓаните и да не врши притисок врз музичарите кои на најтранспарентен, чесен и професионален начин учествуваат во прославата, врз основа на договори во кои експлицитно е наведено дека ангажманот е за прослава по повод поканата за Македонија за членство во НАТО со наслов "Одиме напред - Македонија во НАТО и ЕУ". 
 
Македонија е слободна земја и секој граѓанин самостојно одлучува и ќе одлучува за својот став. Опозицијата да се одважи, да ја поддржи македонската иднина и да се откаже од сеење омраза. Слобода е, секој има право да има став и никој не смее да етикетира граѓани заради изразен став.

Ова е прослава заради остварувањето на децениската аспирација на Македонија и на оваа генерација граѓани.

Македонија има причина да прослави!

Министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска денеска во Министерството за правда се сретна со претседателот на Судскиот совет на Република Македонија г. Зоран Караџовски.

Во фокусот на средбата беа претстојните реформи и имплементацијата на Стратегијата за реформи во правосудството 2017-2022 година.

На средбата беше разговарано за задачите кои стојат пред Министерството за правда и Судскиот совет во исполнувањето на европските стандарди за независно и ефикасно судство. Притоа, министерката Дескоска ја потенцираше одговорноста и важноста на улогата на Судскиот совет околу исполнувањето на обврските од заклучоците на министерскиот совет. 

Министерката Дескоска истакна дека Судскиот совет треба да биде еден од клучните актери во градењето на професионален, независнен и кредибилен судски систем во државата, и да придонесе во градењето на правната држава во Република Македонија.

Дескоска го отвори прашањето за активностите на Судскиот совет околу наодите во АКМИС извештајот, кој беше изготвен по претходно барање на Министерството за правда минатата година, и го информираше Караџовски дека од денес извештајот ќе биде достапен за јавноста. 
 

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, во придружба на владината делегација со Заменик Претседателот на Владата и Министерка за одбрана Радмила Шекеринска, Заменик претседателот во владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи и Министерот за надворешни работи Никола Димитров, како и Националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски, и Советникот за безбедносни прашања Зоран Верушевски, денеска одржа прес конференција за медиумите што известуваа од Самитот на шефови на држави и влади на НАТО.

 

Во прилог на ова соопштение, ви ја пренесуваме изјавата на премиерот Заев во целост:

Во овој момент, Ве поканувам сите Вас, секој од Вас - свртете се кон тој или таа што ви се најблиску во овој момент, и честитајте си: Нека ни е честит и вековит овој ден и овој историски успех на Македонија, оваа победа на граѓаните на Македонија!

Денес НАТО одлучи да ни биде врачена поканата да станеме 30-та членка на Алијансата. Денес ја добивме поканата да станеме сојузник на најсилните земји членки во светот.

Ова е покана за полноправно членство во водечкиот сојуз за мир и безбедност на меѓународната сцена.

Дочекавме уште еден голем ден. Ги остваруваме нашите заеднички стратешки цели, нашите заеднички сонови и надежи.

Ова е ден кога се обединуваме со сите наши политички разлики околу остварениот сон, околу надежта која денес стана реалност.

Сон и надеж што ни се заеднички на сите. Затоа е денот голем, затоа радоста е голема. 

Радоста е голема и зашто во неа се вградени напорите на сите чинители од создавањето на независна и самостојна Република Македонија до денес. Граѓаните од сите градови и населени местa низ државата. Сите наши пратеници од сите политички партии, во сите собраниски состави. Сите претседатели и членови на Владите на независна Република Македонија. Огромното мнозинство граѓанки и граѓани.

Денес да се обединиме, да си честитаме и да си посакаме уште една желба: Да ја направиме Република Македонија, ѕвездата на Балканот, да биде и нова голема надеж за регионот и за Европа!

Но, уште повеќе: Да ја оствариме новата надеж за граѓаните на Република Македонија! Да зачекориме побрзо и да станеме членка во Европската Унија!

Да продолжиме со силна политичка волја, со искрен дијалог и со подготвеност за решенија.

Да продолжиме со чекорите до следната голема одлука кога повторно ќе кажеме „Да, за нашата иднина! Да, за македонската иднина!“

Да кажеме „Да!“ за нашиот сојуз со НАТО. „Да!“ за ЕУ – ДА за за безбедна иднина, сигурно општество во економски подем, за благосостојба на сите наши граѓани.

Да бидеме силни заради нас, заради нашата држава, и заради иднината на нашите и на следните генерации.

Почитувани граѓани, ве повикувам во сабота на 14 јули, да прославиме заедно низ градовите во Македонија. Владата подготвува прослави во 15 градови каде со домашна музика ќе си честитаме, затоа што ОДИМЕ НАПРЕД и затоа што МАКЕДОНИЈА ВЛЕГУВА ВО НАТО И ЧЕКОРИ КОН ЕУ!

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, кој ја предводи владината делегација на Самитот на шефови и држави на НАТО, денеска на пригодна церемонија ја прими поканата за членство во алијансата што му ја врачи Генералниот секретар Јенс Столтенберг.

Во оваа прилика Генералниот секретар на НАТО,Столтенберг истакна дека граѓаните на Република Македонија треба да го прифатат денешниот како голем ден кој заслужува да биде славен, и дека оваа покана е резултат на исполнетите услови и НАТО стандарди, како и на историскиот договор за македонско-грчкиот прашање за името и за стратегиско партнерство.

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев на заедничката прес конференција по овој повод истакна дека ова е историски ден за нашата земја и дека тој, Владата на Република Македонија и народот на земјата, се благодарни за одлуката на нашите сојузници да отпочне процесот за полноправно членство во Aлијансата.

„Тоа е историска одлука за иднината на мојата земја и за нашите граѓани. Оваа одлука е признание за нашата посветена работа повеќе од две децении. Ова е признание за работата на сите македонски политичари од независноста до денеска, признание за нашите институции и за сите политички партии. Ова е признание за сите наши граѓани, за целото граѓанско општество, и за сите останати кои трпеливо го чекаа овој ден“, рече премиерот Заев на заедничката конференција за медиумите со Генералниот секретар Столтенберг.

Во своето обраќање тој потенцираше дека одлука потврдува дека споделуваме евроатлантски вредности, и дека Република Македонија може да оствариме и да испорачаме учество во алијансата сооветно на НАТО стандардите.

Премиерот Заев уште нагласи дека НАТО Алијанса денеска, со отворањето на вратите за Република Македонија за полноправно членство, покажа зошто е толку витална и силна, и дека политиката на отворени врати е еден од најсилните механизми на Алијансата за постигнување на неопходните евроатлантски стандарди од страна на оние земји кои се подготвени да ги споделат.

„Република Македонија е пример за тоа. Република Македонија и досега активно учествуваше во НАТО мисиите. Заедно со Алијансата, нашата земја, активно придонесува во мисиите за сузбивање на глобалните закани, терористичките закани, како и заканите што доаѓаат од насилен екстремизам. Соодветно на стандардите и препораките на НАТО, ни ја подготвивме и нашата, Национална стратегија за одбрана“, нагласи премиерот Заев.

Говорејќи за значењето на поканата Република Македонија да стане членка на НАТО од аспект на регионот, Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, рече дека членството во алијансата уште повеќе ќе ја консолидира демократијата, ќе ја зголеми стабилноста и безбедноста и ќе служи како позитивен пример за земјите од Западен Балкан.

„Силната заложба на Владата за решавање на отворените прашања со сите наши соседи даде конкретни резултати. Изразувам посебна благодарност до моите колеги, премиерот на Република Грција, Ципрас и премиерот на Република Бугарија, Борисов, за споделување на истата визија со нас. Оваа визија ни донесе голем успех во Регионот и во Европа. Благодарност упатувам и до сите наши останати соседи и до нашите партнери ЕУ и САД, со кои развиваме силни билатерални и регионални партнерства за кои верувам дека ќе се продлабочуваат уште повеќе, во годините што доаѓаат“, истакна во своето обраќање премиерот Заев.

Претседателот на Владата на Република Мкедонија Зоран Заев подвлече дека следниот чекор за Република Македонија е организацијата на референдумот како највисок демократски израз на политичката волја на македонскиот народ и на сите граѓани во нашата земја - чин кога граѓаните на земјата ќе кажат „Да!“ за својата иднина.

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, кој ја предводи владината делегација на Самитот на шефови и држави на НАТО, денеска на пригодна церемонија ја прими поканата за членство во алијансата што му ја врачи Генералниот секретар Јенс Столтенберг.

Во оваа прилика Генералниот секретар на НАТО,Столтенберг истакна дека граѓаните на Република Македонија треба да го прифатат денешниот како голем ден кој заслужува да биде славен, и дека оваа покана е резултат на исполнетите услови и НАТО стандарди, како и на историскиот договор за македонско-грчкиот прашање за името и за стратегиско партнерство.

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев на заедничката прес конференција по овој повод истакна дека ова е историски ден за нашата земја и дека тој, Владата на Република Македонија и народот на земјата, се благодарни за одлуката на нашите сојузници да отпочне процесот за полноправно членство во Aлијансата.

„Тоа е историска одлука за иднината на мојата земја и за нашите граѓани. Оваа одлука е признание за нашата посветена работа повеќе од две децении. Ова е признание за работата на сите македонски политичари од независноста до денеска, признание за нашите институции и за сите политички партии. Ова е признание за сите наши граѓани, за целото граѓанско општество, и за сите останати кои трпеливо го чекаа овој ден“, рече премиерот Заев на заедничката конференција за медиумите со Генералниот секретар Столтенберг.

Во своето обраќање тој потенцираше дека одлука потврдува дека споделуваме евроатлантски вредности, и дека Република Македонија може да оствариме и да испорачаме учество во алијансата сооветно на НАТО стандардите.

Премиерот Заев уште нагласи дека НАТО Алијанса денеска, со отворањето на вратите за Република Македонија за полноправно членство, покажа зошто е толку витална и силна, и дека политиката на отворени врати е еден од најсилните механизми на Алијансата за постигнување на неопходните евроатлантски стандарди од страна на оние земји кои се подготвени да ги споделат.

„Република Македонија е пример за тоа. Република Македонија и досега активно учествуваше во НАТО мисиите. Заедно со Алијансата, нашата земја, активно придонесува во мисиите за сузбивање на глобалните закани, терористичките закани, како и заканите што доаѓаат од насилен екстремизам. Соодветно на стандардите и препораките на НАТО, ни ја подготвивме и нашата, Национална стратегија за одбрана“, нагласи премиерот Заев.

Говорејќи за значењето на поканата Република Македонија да стане членка на НАТО од аспект на регионот, Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, рече дека членството во алијансата уште повеќе ќе ја консолидира демократијата, ќе ја зголеми стабилноста и безбедноста и ќе служи како позитивен пример за земјите од Западен Балкан.

„Силната заложба на Владата за решавање на отворените прашања со сите наши соседи даде конкретни резултати. Изразувам посебна благодарност до моите колеги, премиерот на Република Грција, Ципрас и премиерот на Република Бугарија, Борисов, за споделување на истата визија со нас. Оваа визија ни донесе голем успех во Регионот и во Европа. Благодарност упатувам и до сите наши останати соседи и до нашите партнери ЕУ и САД, со кои развиваме силни билатерални и регионални партнерства за кои верувам дека ќе се продлабочуваат уште повеќе, во годините што доаѓаат“, истакна во своето обраќање премиерот Заев.

Претседателот на Владата на Република Мкедонија Зоран Заев подвлече дека следниот чекор за Република Македонија е организацијата на референдумот како највисок демократски израз на политичката волја на македонскиот народ и на сите граѓани во нашата земја - чин кога граѓаните на земјата ќе кажат „Да!“ за својата иднина.

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, своите активности на Самитот на шефови на држави и влади на НАТО, денеска ги започна со учество и обраќање на состанокот на лидерите на земјите членки и партнери во мисијата „Решителна акција“ што се спроведува во Авганистан.

На состанокот, премиерот Заев, придружуван и од делегацијата на Владата на Република Македонија со Заменик претседателката на владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, со Заменик претседателот на владата за европски прашања, Бујар Османи, и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во негово име, во име на Владата на Република Македонија, и во име на народот, на присутните шефови на држави и влади, на министрите за одбрана и за надворешни работи, на земјите членки и на земјите партнери во мисијата, како и на Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, изрази благодарност за одлуката сојузниците да го отпочнат процесот за финализирање за полноправно членство на нашата земја во алијансата.

 „Тоа е историска одлука за иднината на мојата земја и нашите граѓани. Оваа одлука е признание за нашата посветена работа повеќе од две децении. Работејќи заедно, Владата и опозицијата со поддршка на сите граѓани - покажавме дека можеме да ја оствариме оваа наша стратешка цел“, истакна премиерот Заев.

Тој нагласи дека оваа одлука е признание за заложбата на Република Македонија за спроведување, заштита и споделување на заедничките евро-атлантски вредности и дека со отворање на вратите на НАТО за полноправно членство, Алијансата покажа зошто оваа организација е толку важна и силна за поддршката на Југоисточна Европа и за Европа.

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, обраќајќи се пред присутните и пред Генералниот секретар Столтенберг и Претседателот на Авганистан Гани, потенцираше дека, како 30-та земја-членка на НАТО, земјата е подготвена да продолжи целосно да го споделува товарот, должностите и одговорностите заедно со сојузниците, во зачувувањето на регионалниот и меѓународниот мир и стабилност.

„Во буџетот за оваа година ставката за одбранбените политики, односно за АРМ е зголемена за 14 отсто, а нашата определба е да се зголемува секоја наредна година за 0,2 проценти, со цел и со цврста политичка волја, до 2024 година, да издвојуваме 2 отсто од БДП на земјата за буџетот на армијата“, рече премиерот Заев.

Во продолжение тој додаде дека Република Македонија целосно ја прифаќа колективната определба на партнерите на НАТО за понатамошно создавање средина која ќе му овозможи на Авганистан да го консолидира својот мир, безбедност, одржлив развој и просперитет. Во оваа фаза, нашите напори ќе бидат во поголема мера фокусирани на понатамошна поддршка на доброто владеење, демократијата и човековите права, вклучувајќи ги и жените и децата, кои се дел од суштинските предуслови за развој на целокупната земја, како и во борбата против корупцијата, што е од еднакво значење“, истакна премиерот Заев.

Претседателот на Владата на РМ Заев, додаде дека е особено важно Авганистан да ја добие силна поддршка за подобра иднина на земјата и нејзините граѓани, како и за постигнување на одржлива политичка стабилност и безбедност за време на претстојните парламентарни избори во октомври 2018 и на претседателските избори во 2019 година, со што ќе биде овозможено важните политички процеси и реформи во земјата да продолжат.

„За поддршка на овие процеси, истовремено признавајќи ја важноста на фер избори, како предуслов за консолидација на демократијата и владеењето на правото, Република Македонија ќе испрати одреден број лица за поддршка на изборите во Авганистан, за да бидат дел од асистенцијата за авганистанските национални одбранбени и безбедносни сили, и за активностите за помирување и за мир во земјата. Ние веруваме дека авганистанската влада и другите политички актери во земјата ќе ја препознаат важноста на овие процеси и понатаму ќе продолжат да ја прифаќаат стабилноста и соработката. Алијансата, оперативните партнери и меѓународната заедница се тука за да помогнат со конструктивна поддршка од суштинска важност“, рече премиерот Заев во своето обраќање, на состанокот на лидерите на земјите членки и партнери во мисијата „Решителна акција“, и додаде дека Република Македонија го зголеми учеството во мисијата „Решителна поддршка“ во Авганистан како придонес кон усогласената меѓународна поддршка за одржлив и интегриран пристап за постигнување резултати во блиска иднина во Авганистан.

На денешната тркалезната маса: „Подобрување на моделот на финансирање на политичките партии во Македонија”, во организација на Националниот демократски институт (НДИ) во соработка со Транспаренси Интернешнл Македонија се дискутираа предизвиците околу изнаоѓањето соодветен модел за финансирање на политичките партии, а притоа да се обезбеди стабилно финансирање засновано на правичен систем којшто ќе даде фер критериуми на буџетските средства, транспарентност на донациите и на нивните извори на финансирање, но секако и начинот на трошење на средствата се со цел да се избегне политичката корупција.

Почетокот на своето обраќање, Дескоска го искористи да го објасни постојниот модел за финансирање на политичките партии, со кој е предвидено дека вкупните средства за годишно финансирање на политичките партии се во висина од 0,06% од вкупните изворни приходи на Буџетот на Република Македонија, а дека средствата се распределени на два начини. 

Дескоска истакна дека листата на годишно финансирање којашто се изготвува во МП, минатата година сочинувала 56 политички партии кои се финансирани од буџетот на државата. 

- Распонот на средства се движи од 25 милиони денари за партијата којашто добива најголемо буџетско финансирање, до 72 илјади денари за политички партии коишто учествувале во коалцијата со некоја од поголемите политичките, бидејќи кога имате коалиционен настап, тогаш врз основа на известување на политичките партии коишто учествувале во коалицијата се врши распределбата на средствата согласно нивниот удел. Партиите коишто самостојно учествувале на изборите надвор од коалиција, имаме финансирање на помалите политички партии милион и 500 илјади денари, или со уште помал праг 338 илјади денари, рече Дескоска. 

Таа додаде дека надвор од овие средства, од буџетот на Република Македонија се издвојуваат и 280 илјади евра за годишно финансирање на партиско-истражувачки аналитички центри коишто се формирани во политичките партии со цел да се овозможи истражувачка димензија и поаналитичко работење на политичките партии.

Министерката истакна дека годишното финансирање може да биде суспендирано доколку политичките партии не ги исполнуваат своите обврски, а тоа е обврската да обзнанат јавно кои се донаторите, која е висината на средствата којашто ја донирале. 

- Ние во минатото но и оваа година имаме листа на политички партии коишто се суспендирани од годишното финансирање. Во април месец оваа година е донесена таква одлука со којашто од овие 56 политички партии, 26 се суспендирани од финансирањето бидејќи не ги исполниле обврските околу финансиското известување во 2017 година. Доколку биде исполната обрската ДЗР го информира Министерството за правда и потоа се преземаат мерки за корегирање на одлуките и за надомест на средствата. Овде можеме да размислуваме за поригорозни закони во смисла на тоа доколку не се исполнат обврските на време, да нема можност за корекција, и можноста за финансирање да биде изгубена за таа година, но тоа е прашање за дебата, а целта е уште повеќе да бидат принудени политичките партии да навремени ги доставуваат извештаите за кои се обврзани – истакна Дескоска.

Дескоска се осврна и на донациите: „Во делот на донациите, Законот за финансирање на политички партии содржи висок праг на висина на донации од страна на правни и физички лица, што навистина гледано за македонски услови се големи суми, како на пример 150 просечни плати за правни лица или 75 просечни плати за физички лица е навистина голема сума за донирање“. 

Како едно од можните решенија за овој проблем, Дескоска го посочи поставувањето на горен плафон за годишно финансирање на политичките партии. 

- Имаме горен плафон за висина на поединечните донации, но немаме горен плафон со највисока граница на годишно финансирање на една политичка партија, па затоа излегоа анализи коишто беа присутни во медиумите во изминатиот период, дека најбогатата политичка партија во Европа е од Македонија, па ја споредуваа со партијата на Меркел, што исто така укажува дека треба да се размисли на горниот плафон за финансирање на политичките партии годишно – рече Дескоска.

Во делот на забранетите извори на финансирање на политички партии, според министерката, законот е јасен и дециден, каде таксативно се наброени забранетите извори за финансирање, со паралелни одредби во кривичниот законик. Во него е одредена и кривична одговрност доколку партиите се финансираат од недозволени извори, што покажува дека законската рамка од Законот за финансирање на политичките партии е пресликана и со одредби за одговорност. 

- Според некои укажувања, мерките се преригорозни, но таа ригорозност е ставена во законската рамка за да одговори на одредени девијации коишто биле присутни во праксата, смета министерката Дескоска.

- Со намалувањето на лимитот на користење на кеш во прометот, на некој начин ќе даде и свој позитивен придонес и во финансирањето на политичките партии. Тоа секако ќе влијае врз она што значи кеш донации во политичките партии и кеш плаќање од политичките партии. Тоа има генерален импакт врз она што значи намалување на корупцијата во Република Македонија, и во рамките на политичките партии, истакна Дескоска.

Министерката додаде дека Министерството за правда наскоро ќе го објави извештајот од ГРЕКО, и потенцираше дека во него не се содржани препораки за подобрување на законската рамка за финансирањето на политичките партии. 

- Генерален впечаток е дека правната рамка во Република Македонија содржи бројни јаки страни, но недостасува имплементацијата на правилата.  Задачата е преку јакнењето на капацитетите на институциите да придонесе за доследно спроведуање на законската рамка. Познато е во јавноста дека постојат одредени судски постапки за нелегално финансирање на изборни кампањи, а завршувањето на овие процеси треба да биде сигнал за сите политичките партии дека несмее и не треба да има премолчен договор помеѓу политичките партии за заштита во делот на финансирањето на политичките партии. Спречувањето на корупција мора да почне со спречување на корупцијата во рамките на самите политички партии и нивното финансирање, истакна Дескоска.

 

Почитувани, 

Во името на Владата на Република Македонија, премиерот Зоран Заев денеска упати покана до сите граѓани за заедничка прослава на историскиот успех на Македонија.

Македонија доби покана да стане членка на НАТО и има датум за преговори со Европската Унија. Се изборивме за сигурна иднина!

Доаѓа време на надеж, на победи, на гордост. Време на сигурност и безбедност.

Доаѓа време на подобар живот за сите граѓани, тука, во нашата земја.

 

Почитувани граѓани,

Во сабота, на 14 јули, да се обединиме и заеднички да го прославиме историскиот успех на Македонија.

Ќе славиме во 15 градови ширум земјата, заедно со најголемите домашни ѕвезди.

  • Скопје, почеток во 21:00 часот со: Кирил Џајковски, Архангел, Quepurdat
  • Битола, почеток во 21:00 часот со: Дејан Декс, Flooder, Дуке Бојаџиев, Горан Кан.
  • Велес, почеток во 21:00 часот со: Ферус Мустафов, Слаткар
  • Гевгелија, почеток во 21:00 часот со: Бени Нон Стоп + Златко Ориѓански, Ерик Фокс
  • Гостивар, почеток во 21:00 часот со: Феки Ферис, Ареа
  • Кавадарци, почеток во 21:00 часот со: Кристина Арнаудова, Нокаут
  • Кичево, почеток во 21:00 часот со: Адријан Гаџа, Владо Јаневски
  • Кочани, почеток во 21:00 часот со: Лепи Џони, Баклава, Conquering Lion
  • Куманово, почеток во 21:00 часот со Мухамед Ибрахими, Шутка Рома Рап, ПМЏ Колектив, Фолтин
  • Охрид, почеток во 18:00 часот со: Лозано, Исмаил Лумановски
  • Прилеп, почеток во 20:00 часот со: 5 Плус Бенд
  • Струга, почеток во 21:00 часот со: Бла бла бла, САФ, Маци Стојановиќ
  • Струмица, почеток во 21:00 часот со:   Чалгија Саунд Систем, Љубојна
  • Тетово, почеток во 18:00 часот со: Биг Мама, Хај Контрол, Шпат Касапи, Дани Димитровска
  • Штип, почеток 21:00 часот, со: Елена Ристовска, ДНК

 

Одиме напред – Македонија во НАТО и ЕУ!

Линк за информации: http://vlada.mk/odimenapred 

Линк до настанот: https://www.facebook.com/events/241715033284689/

Денеска во седиштето на НАТО во Брисел, министерката за одбрана  Радмила Шекеринска го потпиша Меморандумот за разбирање со кој Македонија се приклучува кон „Smart Defence“ иницијативата за  муниција за копнено војување.

Меморандумот за разбирање министерката Шекеринска го потпиша заедно со 17 министри за одбрана од земји-членки на НАТО, и со својот колега од Финска, партнер на НАТО. 

Покрај Белгија, како водечка во оваа иницијатива, меѓу потписниците на Меморандумот се Германија, Франција, Данска, Шпанија, Норвешка, Австрија, а од регионот - Словенија и Црна Гора.

Меморандумот за разбирање воспоставува рамка која обезбедува групирање на националните краткорочни и долгорочни планови за набавки на муниција за копнено војување. Тоа значи дека работејќи заедно, земјите-членки на оваа иницијатива ќе добијат муниција по пониски цени, ќе ги хармонизираат залихите и ќе имплементираат заеднички решенија за складирање на долг рок. Иницијативата за муниција за копнено војување обезбедува подобра интероперабилност на декларираните единици на Армијата на Република Македонија, особено лесната пешадиска баталјонска група. Иницијативата овозможува заштеда на финансиски средства при набавката на муниција, додека самото членство во оваа иницијатива нема финансиски побарувања.
 

Денес, од НАТО Самитот во Брисел, Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, даде кратка изјава пред почетокот на работната програма. Во продолжение изјавата на премиерот Заев во целост. 
 
„Почитувани граѓани на Република Македонија, 
 
Од денеска, Македонија оди само напред, а граѓаните нижат уште еден голем успех. Честитам Македонија!
 
НАТО одлучи да ни биде врачена поканата да станеме 30-та членка на Алијансата.
 
Ја добивме поканата да станеме сојузник на најсилните земји членки во светот.
 
Ова е покана за полноправно членство во водечкиот сојуз за мир и безбедност на меѓународната сцена.
 
Дочекавме уште еден голем ден. Ги остваруваме нашите заеднички стратешки цели, нашите заеднички основи и надежи.
 
Да продолжиме да чекориме до следната голема одлука кога повторно ќе кажеме Да, за нашата иднина. Да, за македонската иднина.
 
Почитувани граѓани,
 
Ве повикувам во сабота на 14 јули, да прославиме заедно низ градовите во Македонија. 
 
Владата подготвува прослави во 15 градови, каде со домашна музика ќе си честитаме, затоа што ОДИМЕ НАПРЕД и затоа што Македонија влегува во НАТО и чекори кон Европската унија.“