Ковачевски и премиерите на земјите од ЈИЕ членки на НАТО на состанок во Софија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски го започна учеството на Состанокот на шефови на влади на земјите од Југоисточна Европа членки на НАТО.

Во фокусот на состанокот, чиј организатор и домаќин е претседателот на Владата на Република Бугарија Кирил Петков, се предизвиците за регионалната безбедност во контекст на руската воена инвазија на Украина.

Премиерите на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, на Република Бугарија Кирил Петков, на Република Романија Николае Чука и на Република Црна Гора Здравко Кривокапиќ ќе разговараат за координација на заедничките безбедносни стратегии наспроти ризиците и заканите од војната во Украина и за зајакнување на регионалната соработка во земјите од Југоисточна Европа.

На маргините на состанокот премиерот Ковачевски ќе оствари и билатерални средби со премиерите од регионот.