Средба на премиерот Ковачевски со амбасадорот Тицињски: Поддршка од Полска за евроинтеграциите на Северна Македонија и заедничка определба за унапредување на економската соработка

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со Војциех Тицињски, амбасадор на Република Полска во нашата држава.

На средбата е врачено писмо со честитки за мандатот на премиерот Ковачевски, од полскиот премиер Матеуш Моравјецки.

Соопштено е и дека Полска ги поддржува европските перспективи на Северна Македонија.

На состанокот е разговарано и за ситуацијата во Украина. Премиерот Ковачевски ја нагласи цврстата позиција на Република Северна Македонија којашто е на линија на позицијата на нашите стратешки партнери во НАТО и ЕУ, односно категорична осуда на руската инвазија во Украина.

На средбата е изразена заедничка определба за унапредување на економската соработка помеѓу Северна Македонија и Полска, во областа на трговијата и странските директни инвестиции, при што е пренесен интерес од Полска за соработка во областа на животната средина.

Премиерот Ковачевски се заблагодари за големата пријателска поддршка од Република Полска во европските аспирации на Република Северна Македонија, како и во други области од значење за граѓаните, како што е помошта од Полска за време на пандемијата.