Премиерот Заев и градоначалникот на Солун Бутарис: Преку соработка меѓу општините и градовите до зајакнување на довербата

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, го прими во посета градоначалникот на Солун Јанис Бутарис, придружуван од неговите соработници.

Премиерот Заев на средба со монсињор Пекорари од амбасадата на Светата столица во Софија: Поздравени заложбите за европската иднина на Македонија

На средбата беше разговарано за теми од интерес на Католичката црква, односно за денационализацијата на локалитетот во Паљурци, и што поскоро решавање на тоа прашање во интерес на двете страни, за обновување на тој локалитет кој е од особенокултурно-историско значење за католичката црква, и за ставање на светската мапа на Република Македонија во делот на верскиот туризам.

Заврши Трансатлантскиот економски форум во Вашингтон – Премиерот Заев единствен од регионот со награда за лидерство

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, на завршната свеченост на Трансатлантскиот економски форум во Вашингтон, во име на Премиерот Зоран Заев ја прими наградата „Лидери на Медитеранот“, која се доделува за особен придонес за поттикнувањето на трговијата и инвестициите во Медитеранот.

Обраќање на министерот Шапуриќ по повод Европска недела на претприемништво

По повод Европската недела на претприемништво Министерот Зоран Шапуриќ се обрати на јавен настан во ЕУ инфо центарот организиран од Агенцијата за подршка на претприемништвото во Република Македонија.

Oд 38 седница на Владата на РМ: Усвоен предлог закон за престанок на важењето на Законот за совет за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија

Владата на Република Македонија на денешната 38 седница, донесе одлука да му предложи на Собранието на Република Македонија предлог закон за престанок на важењето на Законот за совет за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија.

Вицепремиерот Анѓушев на средби во Светска Банка: Мерките од Планот за економски раст нудат силна финансиска поддршка за фирмите што се ориентирани кон резултати

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, за време на официјалната посета на САД, оствари средби со г-ѓа Стефани фон Фриедебург.

Премиерот Заев се сретна со претставникот за слобода на медиумите на ОБСЕ, Арлем Дезир: Во Република Македонија се препознаваат цврстите мерки да се обезбеди непречено работење и слобода на медиумите

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, денеска се сретна со делегација на ОБСЕ, предводена од претставникот за слобода на медиумите, Арлем Дезир.

Премиерот Заев: Доставени 16 нови инкубатори донација од Владата, повикувам заедно да преземаме активности за заштита на животот и здравјето на граѓаните

Наша најголема заложба и обврска како Влада на Република Македонија и како одговорни граѓани е да се грижиме за најмалите уште од првиот момент после нивното раѓање, бидејќи се работи за самиот почеток на животот на идните генерации како најважна и највисока човечка вредност.

Премиерот Заев на средбата со претставници на КФВ банката за поддршка на развојот: Развојните инфраструктурни проекти носат заштеда за семејните буџети на граѓаните

Во фокус на средбата беше можноста за воспоставување на систем за централно греење во Битола, односно изградба на цевковод од РЕК Битола до градот, со што, во првата фаза на овој проект, ќе се воведе централно греење во јавните социјални и образовани институции како градинки, училишта и болници.

Премиерот Заев: Владата е искрено и силно определена да го негува и да го унапреди македонскиот јазик, вечниот паметник на нашето постоење како народ

Новата Влада, искрено и силно е посветена да го негува и да го унапреди македонскиот јазик, вечниот паметник на нашето постоење како народ.

Pages