Премиерот Заев на отворањето на дводневниот форум за владеење на правото во Југоисточна Европа: Искуствата низ коишто поминавме им даваат ново значење на човековите права, демократијата и владеењето на правото

На форумот, Премиерот Заев имаше свое обраќање пред присутните, судии и правници, меѓу кои актуелни и бивши судии од европскиот суд за човекови права, пред кои истакна дека оваа земја, како што рече тој во своето обраќање, беше заробена држава, а владеењето на правото беше избркано од демократскиот систем и правната држава.

Премиерот Заев на средба со делегација на Европска служба за надворешна работи на ЕУ: Република Македонија и ЕУ имаат заеднички политики и пристап во борбата против радикалниот екстремизам

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска прими висока делегација на Европската служба за надворешни работи на ЕУ, предводена од Заменик генералниот директор за заедничка безбедносна и одбранбена политика, Педро Серано.

Мирна состојбата со морбили во државата, вакцинацијата најдобра превентивна мерка

Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, денеска одржаа редовна работна средба, со цел согледување на состојбата со морбили во соседството и во европскиот регион, како и состојбата со морбили во државата.

Средба на вицепремиерот Анѓушев и белгискиот вицепремиер Петерс: Македонија и Белгија ја зголемуваат меѓусебната економска соработка

Анѓушев посочи дека Владата на Република Македонија интензивно работи на раст и развој на економијата, преку имплементирање на мерки за поддршка на стопанството.

Премиерот Заев на средба со МАТТО: Имаме проекти за фирмите за профит, а за граѓаните за нови работни места

На работната средба со компаниите членки на МАТТО премиерот Заев ги потврди силните заложби на Владата на Република Македонија да ја интензивира економската соработка со Република Турција и посочи дека токму ваквиот тип на средби се во правец на остварување на тие заложби.

Министерот Никола Димитров присуствуваше на работен ручек со амбасадорите на земјите-членки на ЕУ, кој го организираше бугарскиот амбасадор Иван Великов Петков

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денес присуствуваше на работен ручек со амбасадорите на земјите – членки на Европската Унија, кој го организираше бугарскиот амбасадор во Република Македонија, Н.Е. Иван Великов Петков, во својство на земја претседавач со Советот на Европската Унија.

Прес-конференција на портпаролот на Владата на Република Македонија, Миле Бошњаковски, по 58-та владина седница

Видео од редовната прес-конференцијата на потпаролот на Република Македонија, Миле Бошњаковски, на која присуствуваше и заменик министерот за правда, Оливер Ристовски.

Царовска во ОН: Со конкретни мерки го унапредуваме статусот на жените и девојчињата во Македонија​

Царовска нагласи дека Министерството за труд и социјална политика ја презема улогата на лидер во обликување на политиките, координација и одговорност на Владата на Република Македонија во однос на Агендата за родова еднаквост и еманципација на жените.

Владата на Република Македонија денеска ја одржа својата редовна 58-ма седница

Владата денеска го разгледа и утврди новиот текст на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Судски совет на Република Македонија.