Macedonia to support low-cost airlines

Macedonian Government has decided to grant EUR 1,4 million in subventions to low-cost airlines and to that effect a procedure for amending the law on air traffic is already opened, Minister of Transport and Communications Mile Janakievski said Monday.

Интервју на министерот за здравство Никола Тодоров за „Публика”

Министерот за здравство, Никола Тодоров кој е првиот правник на ова функција, почна со драконски правни лекови да го лекува болниот пациент - македонското здравство. Со закана со затворски казни за лажни боледувања за лекарите, но и за пациентите, како и затвор за евентуалниот недостиг или повисоки цени на лековите, вели дека се обидува да го запре неконтролираното трошење на здравствениот денар, но и да ја врати насмевката на здравствените работници и на пациентите во јавното здравство.

Богов: Кризата во еврозоната сериозна, се очекуваат удари во реалниот сектор, банките остануваат стабилни

Кризата во еврозоната е сериозна и македонската економија ќе има одредени удари особено во реалниот сектор, но банките ќе ги издржат тие удари без поголеми проблеми ...

Канческа - Милевска: Наградата за Спомен-куќата на Тоше ја афирмира Македонија во меѓународни рамки

Капиталниот проект на Владата, Спомен-куќата на Тоше Проески, во чија изградба изминатиот период Министерството за култура вложи многу енергија, труд, посветеност и љубов доби значајно меѓународно признание. Ја доби наградата „People's choice award“ за најдобро идејно решение на Меѓународниот фестивал за архитектура во Барселона, во силна конкуренција на 704 објекти од целиот свет.

Државата ќе субвенционира нискобуџетни авиокомпании

Владата донесе одлука со 1,4 милиони евра да субвенционира нискобуџетни авиокомпании, за што веќе е почната постапка за измени на Законот за воздухопловство, информира денеска министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Јас и граѓаните сме на иста страна за името, интервју на Г-дин Никола Груевски за печатениот медиум “Утрински весник”

Сметам дека во изминатиот период Владата ги постигна зацртаните цели кои се утврдени во Програмата за работа, и кои се резултат на нашите ветувања на изборите. Се трудевме тоа што го имаме ветено во програмата за овој период да го оствариме. И мислам дека постигнавме добри резултати. Но, има уште многу да се работи. Кога велам уште многу, мислам на сите проблеми наталожени низ минатото, но и нови, кои се појавуваат заради најразлични околности.

Јас и граѓаните сме на иста страна за името, интервју на г-дин Никола Груевски за печатениот медиум “Утрински весник”

Сметам дека во изминатиот период Владата ги постигна зацртаните цели кои се утврдени во Програмата за работа, и кои се резултат на нашите ветувања на изборите. Се трудевме тоа што го имаме ветено во програмата за овој период да го оствариме. И мислам дека постигнавме добри резултати. Но, има уште многу да се работи. Кога велам уште многу, мислам на сите проблеми наталожени низ минатото, но и нови, кои се појавуваат заради најразлични околности.

Тодоров: Реформите продолжуваат со несмален интензитет, приоритет квалитетни услуги и подобри услови за работа на лекарите

Предвидената измена на Законот за лекови и донесувањето на новата методологија за единствени цени на лековите се меѓу најсериозните реформи во здравството спроведени изминатите 100 дена, рече денеска ресорниот министер Никола Тодоров.

Кралев: Зацртаните проекти во образованието и по изминатите 100 дена интензивно се спроведуваат

Инвестиции во образовната инфраструктура, воедување на претпримеништвото како дополнителен предмет во средното школо, овозможување што поголем број стипендии и поттикнување на иновациите како основа за научно-истражуваката дејност беа основните приоритети на Министерството за образование во изминатите 100 дена од работењето.

Претседателот на Владата на Република Македонија г-дин Никола Груевски, на сите верници од исламска вероисповед во Република Македонија им го честита големиот муслиманскиот празник Курбан Бајрам

Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, на сите верници од исламската вероисповед во Република Македонија им го честита големиот муслимански празник Курбан Бајрам и по тој повод испрати честитка до претседателот на Исламската заедница во Република Македонија, господин Реис Хадџи Сулејман Ефенди Редџепи.

Pages