Ковачевски на средба со ОМД: Дијаспората активно придонесува за развој и промоција на татковината

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски во рамки на работната посета на САД, се сретна со членови Одборот на Директори на Обединетата македонска дијаспора (ОМД).

На средбата на која беше присутен и министерот за надворешни работи беа споделени ставови за придонесот на дијаспората во економскиот, општетствениот развој на нашата земја, како и во културата, уметноста, образованието.

Премиерот Ковачевски се заблагодари на ОМД за нивната улога во формирањето на Групата за Пријателство во Конгресот, а воедно со соговорниците споделија мислења и заложби за уште поголем поттик на дијаспората, посебно на младите генарции да продолжат да ги одржуваат врските со својата татковина и да земат активно учество во развојот на земјата и нејзина промоција во светот.