Груевски: Ги зголемуваме платите, пензиите и социјалните надоместоци

Премиерот Никола Груевски во обраќањето на Годишната конференција на Унијата на жени говорејќи за делата и проектите на ВМРО - ДПМНЕ се осврна и на зголемувањето на пензиите, платите на администрацијата и на социјалната помош од 2006 година досега.

- Пензиите, СДСМ можат да чујат и од нивните соседи пензионери, од 2006 година се зголемени  за 62 проценти. Кога во времето на СДСМ се зголемиле пензии, праша лидерот на ВМРО - ДПМНЕ.

Потсети дека се зголемија и платите во администрацијата за 27 проценти, а социјалната помош за 50 проценти.

- Веќе за следната година во 20015 повторно планираме зголемување на пензиите, на платите, на социјалната помош. Се сеќава ли некој кога некогаш во времето на СДСМ се зголемиле платите на администрацијата, пензиите и социјалната помош. Такво нешто нема. Се сеќаваме само на намалување на некои од нив. И покрај тоа, само напади, критики, рече меѓу другото премиерот Никола Груевски.