Незири: Искористени средствата од Програмата за конкурентнсот, иновации и претприемништво

Средствата од Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за годинава во вкупен износ од 11.690.000 денари се целосно искористени, информира министерот за економија Беким Незири на денешната прес-конференција.

- Овие средства беа наменети за директна поддршка на малите и средните претпријатија за активности насочени кон подобрување на нивната конкурентност, производи и услуги и зголемување на извозот, а со тоа создавање конкурентна економија базирана на развиен претприемачки дух, знаење, иновации и побрз економски раст на земјава, истакна Незири.

Тој посочи дека овие средства не се доволни за да има некој голем позитивен импакт и додаде дека за наредната година во Министерството за економија се предвидени 25 милиони денари, односно двојно повеќе средства за помагање на малите и средните претпријатија.

- Цениме дека со зголемувањето на средствата во 2015 година малите и средните претпријатија ќе партиципираат повеќе во делот на извозот отколку што тоа го правеа годинава, рече Незири.

Програмата на Министерството се состои од три потпрограми и тоа за Поддршка на развојот на малите и средните претпријатија, за Имплементација на индустриска политика и за Поддршка  и развој на кластерското здружување.

Во рамките на првата потпрограма  чиј вкупен износ е 8.890.000 денари по различни основи кофинасирани  се 39 претпријатија во висина од 6 милони данари, пет бизнис идеи во износ од 800.000 денари  и 10 фондации во вкупен износ од 992.400 денари.

Поконкретно на седум занаетчии им е одобрена поддршка на занаетчиско производство  и услуги во вредност од 700.000 денари, на шест деловни субјекти им се исплатени дел од трошоците  за воведување на ИСО стандард во вкупен износ од 300.000 денари, два деловни субјекти добија поддршка за теренинг на ХАЦЦП тим во вкупен износ од 76.440 деанри, на 12 деловни субјекти им е одобрено покривање на 70 отсто од трошоците за воведување ХАЛАЛ систем во вкупна вредност од 3.100.000 денари,....

Во рамки на потпрограмата Имплементација на индустриската политика во 2014 година се обезбедени 1,2 милиони денари, а поддршка добија осум компании и четири иноватори.

За потпрограмата Поддршка и развој на кластерското здружување 1,6 милиони денари беа доделени на пет кластерски здруженија кои поднесоа најдобри проекти.