Груевски: И полицијаците ќе може да бираат кога ќе одат во пензија

Полицајците како и сите останати вработени ќе имаат можност да го продолжат работниот стаж и да изберат кога ќе одат во пензија, најави денеска премиерот Никола Груевски. 

- За полицијаците има специјален закон по кој заминуваат во пензија  со 40 години работен стаж, од кои 30 се ефективни, а 10 се бенифициран стаж. Со доплнителните измени  кои следуваат ќе се овозможи тие да заминуваат во пензија со 45 години стаж, вклучувајќи го и бенефицираниот и да може да бираат дали ќе одат во пензија со 40 или 45 години стаж, изјави Груевски, одогварајќи на прашање по пуштањето во употреба на повеќенаменското игралиште во наслебата Триангла.

Тој посочи дека измените на законот се веќе поминати на Влада, а наскоро ќе бидат пуштени и во собраниска процедура.

- Давањето можност за зголемување на старосната граница за одење во пензија до три години е чекор кон давање на повеќе права на работниците. Ние сме свесни дека во Македонија има многу работници кои би сакале  да го продолжат работниот стаж од причина  што се чувствуваат здравствено добро, а тоа им значи и финансиски и социјално. Од друа страна, свесни сме дека има дејности кои ги тераат  вработените да се чувствуваат многу поисцрпено и поистрошено на навршетокот на нивната 62-ра, односно 64-та година. Токму затоа ја дадовме можноста оние што се со потешка работа да можат да заминат во пензија во 62-рата или 64-тата година, а оние кои не се чувствуваат потрошени да може да продолжат. Така ќе биде и во полицијата каде, исто така, има работни места кои повеќе или помалку исцрпуваат, појасни Груевски.