Груевски:Целосно ќе се реконструира домот „Гоце Делчев“

Студентите во студентскиот дом Гоце Делчев се во право, постои пропуст со задоцнување на реконструкцијата.

Ова вечерва го изјави премиерот Никола Груевски при гостувањето во Дневникот на Сител телевизија и најави целосно реновирање на овој дом.

-Она што можам да го кажам е дека веќе на следната седница ќе донесам заклучок за итен почеток на правење на проект за реконструкција на Студентскиот дом "Гоце Делчев", рече премиерот Груевски.