Македонски хирурзи ќе се едуцираат за кадаверична трансплантација во Кембриџ

Едукација на македонски хирурзи кои ќе субспецијализираат за кадаверична трансплантација на бубрези, црн дроб, панкреас и други типови абдоменална трансплантација во болницата „Аденбрук“ при Универзитетските болници - Кембриџ, предвидува Меморандумот за соработка што денеска го потпиша министерот за здравсто Никола Тодоров по посетата на Центарот за транспалтанција и лабораториите при Одделот за хириругија во таа здравствена установа.

Меморандумот, како што јави известувачот на МИА, го потпишаа и Гевин Петигру, специјалист по абдоменална трансплантација, одговорен за супервизија на македонските доктори-хирурзи и Оливера Ѓорѓимајкоска, клинички научник за трансплантација на органи и координатор за развој на кадаверична трансплантанција.

Министерот Тодорв изјави дека е убеден оти по две години од сега во Македонија ќе има хирурзи кои учеле од најдобрите и кои ќе можат да постават програма за трансплантација која ќе се однесува не само за Македонија, туку ќе биде и можност за регионална соработка.

Очекува во најбрзо време да бидат селектирани најдобрите кандидати кои ќе дојдат на обука во Кембриџ.

- Селекцијата на кандидатите ќе ја врши тим од Кембриџ затоа што идејата е да се изберат најдобрите кои ќе можат успешно да ја завршат субспецијализацијата и да почнат да го применуваат и пренесуваат знаењето за трансплантација во Република Македонија, рече министерот Тодоров.

Ѓорѓимајкоска му се заблагодари на министерот за нејзината улога во проектот за развој и имплементација на кадаверична трансплантација во Македонија.

- Сметам дека со адекватен кадар и имплементација на промени во областа на трансплантацијата во Македонија, државата за догледно време ќе има една многу успешна програма за кадаверична трансплантација, додаде Ѓорѓимајкоска.

Ендрју Бредли, шеф на Одделот за хирургија во болницата, изрази задоволство што ќе можат да помогнат во развојот на кадаверичната трансплантација во Македонија.

Петигру рече дека се среќни што ќе можат доктори-хирурзи од Македонија во догледно време по едукацијата да се вратат во државата и да воспостават добра програма за кадаверична трансплантација.