Канчевска-Милевска: Саат Кулата сега е вистински симбол на Гостивар

Со конзервацијата и реставрацијата на Саат Кулата, Гостивар доби вистински симол на градот, кој ќе биде атрактивен и ќе привлекува туристи, нагласи министерката за култура Елизабета Канчевска-Милевска по обиколката на објектот кој е изграден во 17 век. Наскоро, рече таа ќе се поправат и часовниците, со што овој објект ќе биде комплетиран.

Министерката потсети дека овој проект е дел програмата на Владата и Министерството да се заштитат културно-историските споменици во Република Македонија.

- Задоволна сум од сработеното и она што го видов како од ентериерното, така и на надворешното уредување.  Вредеше да се искачат и стрмните скали до врвот на кулата. Се надевам дека од таа глетка ќе бидат задоволни и туристите, кои отсега ќе имаат можност и одвнатре  да го видат овој културно историски споменик, рече Канчевска-Милевска.

Министерката, при посетата, одблизу се запозна со работите кои се изведуваат и на старото медресе како дел од првата фаза на заштита на овој споменик на културата, активностите кои ги спороведува НУ Конзерваторски Центар-Гостивар и најави нови проекти. Меѓу позначајните е реставрација на фреско живописот на соброниот храм Пресвета Богородица, кој ќе почне идната година.

Претходно, Канческа-Милевска имаше средба со градоначалникот Невзат Бејта на која било разговарано за натамошната соработка, со заедничка оценка дека досега таа била на виско ниво.