Факултетот за битехнички науки во Битола доби лабораторија за контрола на квалитетот на храната

На Факултетот за биотехнички науки во Битола денеска беше  промовирана и пуштија во употреба новата лабараторија која ќе се користи за екстракција на етерични масла од зачински и лековити растенија. На промоцијата присуствуваше премиерот Никола Груевски во придружба на министерот за образование и наука Спиро Ристовски и ректорот на Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола, Златко Жоглев.

На промотивниот настан во Битола, министерот Ристовски посочи дека за новата лабараторија на Факултетот за биотехнички науки се инвестирани 18 милиони денари и таа освен за научни цели ќе може да биде во функција на бизнис заедницата.

- Денеска ја промовираме 50-та лабараторија која е во рамките на големиот проект за реализација и набавка на лабаратории на универзитетите и институтите во Македонија. Станува збор за исклучително значајна лабараторија која се однесува на процесите на екстракција на етерични масла од растителни и останати производи, или народски кажано станува збор за лабараторија која ќе врши контрола на квалитетот и содржината на храната. За лабараторијата се набавени пет апарати, а за овој институт се инвестирани 18 милиони денари. Ние ќе продолжиме со нашите инвестиции, а очекуваме оваа лабараторија и да се комерцијализира односно понуди на бизнис заедницата, на стопанството и особено делот од индустријата кој што се занимава со производство на храна, истакна министерот Ристовски.

Според ректорот на Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола, Златко Жоглев новата лабараторија на Факултетот за битехнички науки ќе биде една од водечките во регионот, ќе нуди софистицирани анализи и ќе биде максимално употреблива.

- Ваква инвестиција немало во последната деценија, и додека во некои држави владите воопшто не им помагаат на универзитетите, кај нас македонската Влада тоа го прави континуирано и на различни начини, посочи ректорот Жоглев.