Средба на Џафери со досегашното и новопоставеното одбранбено атеше на Кина во Македонија

Денес во просториите на Министерството за одбрана, министерот Џафери, оствари средба со досегашното и новопоставеното одбранбено аташе на Народна Република Кина во Република Македонија, постар полковник Џонг Лиангли и постар полковник Џанг Баогун.

За време на средбата министерот Џафери му се заблагодари на постар полковник Лиангли за досегашната соработка, а на новопоставеното одбранбено аташе постар полковник Баогун му посака успех во работата. Во текот на средбата, министерот уште еднаш го искажа своето задоволство за поддршката која НР Кина ја дава кон Република Македонија преку курсеви на припадниците на АРМ и донациии во опрема за потребите на МО на Република Македонија. Воедно министерот ја истакна подготвеноста на Министерството за одбрана за упатување на воено аташе на Република Македонија во Народна Република Кина.