Учество на Министерот Попоски на 49-тата Минхенска безбедносна конференција

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, е дел од делегацијата на Република Македонија, предводена од Претседателот д-р Ѓорге Иванов, која учествува на меѓународната Конференција за безбедносна политика, што по 49-ти пат, од 1 до 3 февруари се одржува во Минхен.

На маргините на Конференцијата, Министерот Попоски ќе има повеќе билатерални средби со свои колеги.