Ѓорѓиев:Очекуваме со задолжницата да се подобрат состојбите во областа на должничко-доверителските односи

Задолжницата е инструмент воведен да се подобрат состојбите во областа на должничко-доверителските односи, што се дополнително оптоварени поради постоењето на европска должничка криза којашто се наоѓа во врвот на својот развој и која има свое влијание и во Македонија, изјави портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев,одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Владата.

Примената на овој инструмент започнува од денеска. 

 - Кога е донесена од Собранието, како инструмент од областа на платниот промет и финансиите, анализите и проекциите покажуваат дека се очекува таа да ги подобри овие состојби и да ја подобри дисциплината во однос на должничко-доверителските односи, рече Ѓорѓиев, кој денеска на прес-конференција најави дека во текот на следната година се очекува во функција да биде ставена информатичко-форензичка лабораторија.