Владиниот тим во Мајами ги претстави можностите за инвестирање во Македонија

Македонскиот владин тим, предводен од премиерот Никола Груевски, ја продолжи економско-политичката посета на САД со презентација на можностите за инвестирање во Македонија во Мајами.

- Овде во Мајами одржавме бизнис презентација пред поголем број компаниии. Ги презентиравме можностите за правење бизнис во Македонија, а со некои од нив имавме и одделни средби и разговаравме за конкретни  проекти за коишто се заинтерсирани. Имаше една многу интересна  од автомобилската индустрија и неколку други со кои ќе продолжи комуникацијата со цел да успееме да ги привлечеме да отворат компании и фабрики во Македонија и да вработат луѓе што е главната цел нанашето патување, изјави премиерот Груевски.

Тој е задоволен од досегашниот тек на посетата и верува дека остварените контакти и средби  ќе вродат со плод и отворање нови работни места во Македонија

Презентацијата во Мајами е четврта по ред што ја реализира владината делегација по тие во Монтреал, Торонто и во Тампа. Следна дестинација е Детроит, за што, посочува премиерот,  главна причина е годишниот собир на дијаспората. Ќе се искористат можностите за средби со поединци и компании за да почнат нивни  проекти во Македонија. Македонскиот владин тим ќе присуствува и на бизнис форум во Атланта.

Како дел од политичките активности, по присуството на конвенцијата на  Републиканската партија во Тампа, ќе ја проследат и конвенцијата на Демократската партија во Шарлот.