Средба Демири-Јохансен: Зајакнување на здравствениот систем - приоритети на СЗО и Министерството за здравство

Министерот за здравство, д-р Илир Демири оствари прва официјална средба со д-р Ане Јохансен, специјална претставничка на СЗО за Северна Македонија и шефица на Канцеларијата на СЗО во Скопје.

Демири и Јохансен дискутираа за заедничките приоритети од областа на здравството и за активностите кои ќе се спроведуваат во рамките на Двегодишниот договор за соработка помеѓу СЗО и Министерството за здравство, за периодот 2024 – 2025 година.

На средбата, се истакна потребата за продолжување на заедничките активности за обезбедување универзална здравствена покриеност на населението и овозможување на подобар пристап на пациентите кон здравствена заштита, преку подобрување на функционирањето на институциите во здравствениот сектор, продолжување на реформите во примарната здравствена заштита, засилување на активностите за превенција од незаразните болести и што поскоро усвојување на националните планови и законски регулативи подготвени со поддршка на СЗО.

Министерот Демири се заблагодари за целокупната поддршка што Светската здравствена организација ја дава на Министерството за здравство и изрази подготвеност за продолжување на понатамошната успешна соработка.