Владина делегација оддаде почит пред споменикот на Гоце Делчев, во чест на 152 години од неговото раѓање

Во чест и спомен на 152 години од раѓањето на македонскиот револуционерен великан Гоце Делчев, владина делегација положувајќи свежо цвеќе, оддаде почит пред споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк Скопје.
 
Делегација на Владата на Република Северна Македонија ја предводеа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова заедно со Роберт Алаѓозовски, Национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка.