Информација врзана со предлог Законот за измена и дополнување на Законот за рестриктивни мерки

На 221-та владина седница одржана на 16 јануари 2024 година, Владата на Република Северна Македонија, со консензус, едногласно, изрази политичка волја до Собранието на Република Северна Македонија да поднесе Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки, кој ќе биде усогласен со македонското законодавство.

На посочената владина седница, Владата го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки и донесе одлука Министерството за надворешни работи како предлагач да го усогласи текстот на предлогот на закон со Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за политики на добро владеење, Министерството за правда, Министерството за финансии, Министерството за информатичко општество и администрација, Секретаријатот за законодавство и другите надлежни институции.

Воедно, ве информираме дека Владата на Република Северна Македонија ги определи за претставници на Владата во Собранието д-р Бујар Османи, министер за надворешни работи и м-р Фатмире Исаки, заменик на министерот за надворешни работи, а за повереници Филип Тосевски, државен секретар во Министерството за надворешни работи и Наташа Дескоска, помошник директор во Министерството за надворешни работи.

По усогласувањето со сите наведени институции, пречистениот текст на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки е доставен до Собранието на Република Северна Македонија согласно член 137 од Деловникот на Собранието.