Реџепи: Инвестираме во секоја општина

Заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи денеска беше во Тетово на увид во работите на улицата Браќа Миладинов.

Министерството за транспорт и врски продолжува со реализација на капитални проекти во сите општини во државата.

Целосната реконструкција на патот во должина од 1 километар е одраз на стратешка инвестиција во локалната инфраструктура, промовирајќи силна локална инфраструктура која одговара на развојните потреби на нашите граѓани, рече заменик министерот Реџепи.

Ова не само што ја симболизира посветеноста на нашата влада за подобрување на инфраструктурата, туку ја нагласува и нашата политичка визија за стимулирање на економскиот раст и зајакнување на довербата на нашите граѓани во одговорното владеење.

Рехабилитацијата се одвива со сериозно темпо и очекуваме што поскоро да заврши, додаде Реџепи

Преку Министерството за транспорт и врски продолжуваме да им помагаме на сите општини, да даваме силна поддршка за реализација на вакви проекти кои го подобруваат животот на граѓаните. Нашите политики се за граѓаните. Заменик министерот Реџепи заклучи дека проектот за рехабилитација на локалните патишта ги дава вистинските резултати во сите општини низ државата.