Шукова: Пречистителната станица во Кочани е успешна приказна за самодржливост на инфрструктурен проект и заштитата на животната средина

Министерката Шукова направи обиколка на пречистителната станица во Кочани, која е успешна приказна за добро и одржливо функционирање на инфраструктурен објект во кој се применуваат европските позитивни искуства и напредни технологии.

Не само што се пречистуваат отпадните води од населеното место и се заштитуваат водите на Брегалничкиот речен слив, туку е обезбедена и самоодржливост на пречистителната станица, преку сопствено производство на електрична енергија со фотовалтаици и се врши преработка на милата во компост што во најскоро време ќе биде пакуван и достапен за земјоделците.

Од пречистителната станица информираат дека во првите две години компостот ќе биде разменуван со земјоделците за слама, со што се решава уште еден важен сегмент за заштита на животната средина - палење на стрништата.