Премиерот Ковачевски во работна посета на Брисел, Белгија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски е во работна посета на Брисел. Во рамки на работната посета, премиерот Ковачевски, утре ќе ја отвори последната сесија од скринингот посветена на Кластер 6 кој ги опфаќа: поглавјето 30 – надворешни односи и поглавјето 31 – заедничка, надворешна и безбедносна политика. Со затварањето на овие поглавја скрининг процесот за Северна Македонија ќе биде официјално завршен.

Премиерот Ковачевски воедно ќе оствари работен состанок во Европскиот Парламент со пратеници, членови на парламентарната група на социјал-демократите, на кој тема на разговор ќе биде проширувањето на Европската Унија и важноста на евроинтеграциите за Северна Македонија и регионот.