Премиерот Ковачевски и генералниот секретар на НАТО Столтенберг, домаќини на неформалниот состанок на лидери на НАТО сојузници од регионот

Заврши неформалниот состанок на лидери на НАТО сојузници од регионот, на којшто домаќини се претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

На состанокот кој за прв пат се одржа во Северна Македонија откако нашата земја е полноправна членка на НАТО, присуствуваа и претседателот на Владата на Република Албанија, Еди Рама, претседателот на Владата на Црна Гора, Милојко Спајиќ и претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ.

Во фокусот на разговорите помеѓу лидерите беа актуелните прашања кои се од значење за НАТО како и прашања кои се однесуваат на стабилноста и безбедноста на регионот.

Пред почетокот на состанокот, лидерите имаа изјави за медиумите, во кои ја потенцира важноста од одржувањето на овој состанок, како и значењето и придобивките од членството во НАТО.