ЗПВРСМ Битиќи се сретна со синдикатот на „Еуроникел индустри“ : Социјалниот дијалог е важен и правата на работниците секогаш треба да се заштитени

ЗПВРСМ Битиќи се сретна со претседателот на синдикалната организација на „Еуроникел индустри“, Миле Ѓорѓиев, и Игор Ѓерасов, претседател на гранскиот синдикат на СИЕР, откако тие побараа средба со него за да се разговара за новонастанатата ситуација со „Еуроникел индустри“.

На состанокот синдикатот детално ја изнесе состојбата во која се наоѓа „Еуроникел индустри“. Вицепремиерот Битиќи потенцираше дека социјалниот дијалог е важен и дека тој во целиот свој мандат постојано повикува на истиот, затоа и се сретна и ги сослуша синдикатите, иако „Еуроникел индустри“ е фирма во приватна сопственост, како и дека верува во праведно и правично разрешување. Вицепремиерот даде поддршка во насока на почитување на обврските и правата и на двете страни кои произлегуваат од синдикалниот договор, како при секојдневното работење на компанијата така и при можната реорганизација, што ќе гарантира дека вработените во „Еуроникел индустри“ ќе добијат заштита.

„Еуроникел е важна за државата но и локалниот развој, за животот во Кавадарци и регионот, како и за вработените кои сакаат нивниот глас да биде чуен затоа што сакаат и имаат право да бидат заштитени, повикувајќи на солидарност и разумност при носењето на одлуките при реорганизацијата на компанијата.“, истакна вицепремиерот Битиќи.