Генералниот секретар Димовски ја отвори првата од двете дводневни работилници насловени „Процес на стратешко планирање и подготовка на секторски стратегии“ во органицазија на СИГМА

Денес во Клубот на пратеници, генералниот секретар м-р Методија Димовски со воведно обраќање ја отвори првата од двете дводневни работилници насловени „Процес на стратешко планирање и подготовка на секторски стратегии“, преку кои ќе се постигне поквалитетно стратешко планирање и спроведување на политиките.

Генералниот секретар ја претстави работата на Генералниот секретаријат каде  интензивно се работи на  создавање унифицирани стандарди за изработка, спроведување, следење и евалуација на секторските стратегии.

„Активностите за јакнење на капацитетите  како дел од нашите реформски заложби ќе продолжат и во иднина со засилена реформска динамика  и тесна соработка  со нашите европски пријатели“, истакна генералниот секретар Димовски.

Работилниците кои ќе се одржат во наредните денови, се продожение на работилници организирани за државните секретари, организационите единици за стратешко планирање во министерствата и за вработените во Генералниот секретаријат.