Отворен кабинет на МВР Спасовски на 20 октомври во СВР Велес

Проектот ОТВОРЕН КАБИНЕТ на Министерството за внатрешни работи, во рамки на концептот „МВР за ГРАЃАНИТЕ“, со кој се опфатени секторите за внатрешни работи, директно или преку посети на нивните одделенија, продолжува со планираната динамика и во наредниот период.

Доколку живеете на подрачјето на СВР Велес, а притоа имате прашање за министерот, идеја со која сметате дека ќе се подобри безбедноста, предлог кој би помогнал за подобрување на работењето на полицијата, Кабинетот на министерот Спасовски на еден ден ќе дојде кај вас.

Ви најавуваме дека Отворениот кабинет на министерот Спасовски продолжува на 20 октомври, во просториите на СВР Велес. Ги очекуваме граѓаните од ова подрачје од утре (16.10.2023), во текот на целата недела, телефонски на бројот 072 33 31 85 или електронски на MVRJAVNOST@moi.gov.mk, да си закажат термин за средба со министерот, а неговиот тим ќе ве пречека и ќе ви овозможи да го презентирате вашето размислување, идеја или предлог, да бидете дел од процесот на креирање политики во врска со безбедноста која нѐ засега сите нас.

Заеднички уште еднаш да покажеме дека соработката меѓу полицијата и заедницата е суштинска за поголема безбедност на граѓаните, дека мислењето на секој граѓанин е значајно и да продолжиме со продлабочување на нашата определба - полицијата во служба на граѓаните.