Довербата на компаниите расте, инвестираат, а ние ќе возвратиме со континуирана 100% поддршка со измените на Законот за финансиска поддршка на инвестициите

„Довербата која Владата ја стекна кај компаниите кои масовно присуствуваа на настанот „МК Економија - Довербата расте”, говори дека сме на прав пат да обезбедиме одржлив раст и развој преку инвестиции на домашните компании, и токму затоа ќе воведеме измени на Законот за финансиска поддршка на инвестициите (ЗФПИ) за загарантирана 100% исплата кон секоја компанија“, се вели во соопштението на заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

„Финансиската поддршка на државата кон домашните компании за шест години е зголемена за 11 пати, поточно од 3,2 милиони евра во 2018 година, до 35 милиони евра во 2023 година“, вели Битиќи во неговото соопштение, и додава дека ова го претвори портфолиото инвестиции во One stop shop за инвестиции, со 100% исплата на финансиска поддршка секоја година но за која немаше законска обврска.

„Тоа го постигнавме заедно со мојот тим од една страна, а од другата компаниите храбро одговорија на предизвикот и тоа резултираше со задржување на вработените и развој на компаниите. Затоа, измените кои се залагам следната година да ги воведеме во Законот за поддршка на инвестиции е повеќе исплатата на финансиската поддршка да не зависи од нечија воља. Една од измените ќе биде токму тоа, загарантирана 100% исплата кон секоја компанија.

Една од придобивките на ЗФПИ е и развојот на регионите низ целата држава, што се одразува и низ бројки.

Ако во 2018 година вкупната поддршка во Скопскиот регион изнесува 45%, во последнава таа е 32%, што значи дека поголемиот процент на поддршка отпаѓа на другите региони. Во 2018 година во Скопскиот регион се исплатени 85 милиони денари финансиска поддршка, во последната 2022 година се исплатени 456 милиони денари. Тоа е зголемена финансиска поддршка за пет пати. За разлика од тоа, поддршката во останатите помалку развиени региони, се зголемува за девет пати, или од 105 милиони денари, на 953 милиони денари поддршка, за истиот период“, се вели во соопштението на вицепремиерот Битиќи.

Заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, изрази увереност дека овој позитивен тренд на зголемување на развојот на регионите низ цела држава ќе продолжи, имајќи предвид дека овие измени се донесени пред само две години.