Николовски: Водиме искрена грижа, ги заштитуваме и развиваме македонските шуми - Зелената транзиција е наш важен приоритет

Во рамки на првата министерска конференција за шумарство „Најдобри практики и иксуства во обновувањето на шумите“, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, беше домаќин на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Црна Гора, Владимир Јоковиќ, министерката за земјоделство и рурален развој на Албанија, Анила Денај, министерот за земјоделство, шумарство и рурален развој на Косово, Фатон Пеци и заменик министерот за земјоделство и храна на Бугарија, Мирослав Маринов. Министрите на министрската тркалезна маса разговараа за обновувањето на шумите и пошумувањето како стратегии за справување со предизвиците од климатските промени во нашиот регион.

Овие години како последица на климатските промени, но и случувањата во светот, како министерства задолжени во делот на земјоделството, храната и шумарството, се соочуваме со нови и големи предизвици, да обезбедиме стабилност и развој на овие важни сектори, истакна во своето излагање министерот Николовски.

„Зелената транзиција е еден од петте приоритети на министерството и Владата на Република Северна Македонија. Пошумувањето е една од нашите цели за успешно реализирање на зелените принципи. Заедно во соработка со Европската Унија, преку ИПА програмата работиме на голем и значаен проект за реформа на секторот шумарство во Северна Македонија. Проект кој ќе се реализира низ четири поткомпоненти и го доближува македонското шумарството до европските стандарди. Со програмата за проширена репорудкција на шумите, како министерство, јасно си поставуваме насоки за планско пошумување на голини, ерозивни земјишта и санирање на опожарени шумски предели. Преку оваа програма минтатата година засадени беа над 400.000 садницни на повеќе предели низ државата, додека за оваа 2023 година е предвидено засадување на 1.200.000 садници“, истакна министерот Николовски.  

Северна Македонија добива поддршка и од Германија во спроведувањето на реформите во шумарството и остварувањето на зелената агенда која е во согласност со Европската заедничка политика. Оваа поддршка лично ја потврди и германскиот министер за храна и земјоделство, Џем Оздемир, при посетата на Северна Македонија.

Како министерство посветено работиме во заштита и унапредување на македонските шуми, нашето природно богатство со кое се гордееме. Водиме искрена грижа, ги заштитуваме и развиваме македонските шуми. Зелената транзиција е наш важен приоритет.

„Заедно во соработка со Европската Унија, преку ИПА програмата работиме на голем и значаен проект за реформа на секторот шумарство во Северна Македонија. Проект кој има временска рамка за имплементација од две години, заклучно до 2025 година, вреден 1,3 милиони евра финансиска поддршка на Европската Унија. Истиот ќе се реализира низ четири поткомпоненти, кои го доближуваат македонското шумарството до европските стандарди“, истакна министерот Николовски.

Од овој проект треба да произлезат следните резултати: Закон за основање на Агенција за шуми, реструктуирање и трансформација на Јавно претпријатие Национални Шуми во државно друштво со ограничена одговорност, воспоставување на интегриран шумарски информативен систем, пилот национална инвентаризација на шумите и план за одржлив развој на шумите и сертификација на шумите и издавање сертификат за избраните (најдобри) државни единици за управување со шуми.

Преку програмата за проширена репорудкција на шумите, како министерство, јасно си поставуваме насоки за планско пошумување на голини, ерозивни земјиште и санирање на опожарени шумски предели. Преку оваа програма минтатата година задени беа над 400.000 садницни на повеќе предели низ државата, додека за оваа 2023 година е предвидено засадување на 1.200.000 садници.  

Континуирано вложуваме и ги зајакнуваме капацитетите на шумската полиција, подобрувајќи ги условите за работа на шумските полицајци во борбата против нелегалната сеча на шумите.

Министерот Николовски во своето излагање на министерскиот панел истакна дека Република Северна Македонија како земја кандидат за полноправно членство во Европската Унија е потписник на иницијативата Бонскиот предизвик. Целта на оваа иницијатива е обнова на 350 милиони хектари обесшумени предели до 2030 година. Токму Северна Македонија е единствена земја од регионот која има преземено обврска до 2030 година, годишно да пошумува 1500 ha нови површини, да врши конверзија на површините и природна обнова на шумата.

Пошумувањето претставува една од главните алатки во борбата против климатските промени. Во таа насока државите од регионот треба да одговорат преку конкретни мерки со пошумување и подигнување на соодветни шумски култури, подобрувајќи го составот на шумите со автохтони видови на дрвја отпорни на климатските промени.