Министерот Ристовски во посета на опожарената градинка во Кочани

Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, денеска престојуваше во работна посета на Кочани, каде ја посети Детската градинка „Павлина Велјанова“ Клон 1, која пред една недела беше опожарена.

Министерот Ристовски беше информиран за преземените активности за санирање на штетата и за настојувањата градинката за краток временски период да почне повторно да работи.

- Од она што го видов во градинката, посебно во делот на изведувањето на градежните и молерофарбарските работи сум задоволен. Се оди според предвидената динамика. Владата непосредно по несреќата, на својата редовна седница расправаше за немилиот настан и одлучи да одвои 3,5 милиони денари за Општина Кочани за санирање на последиците, истакна министерот Ристовски.

Министерот Спиро Ристовски присуствуваше и на свеченоста по повод предавањето во употреба на новиот пензионерски клуб, шести по ред на Здружението на пензионери на Кочани, кој е лоциран во населбата „Калиманова глава“ и во кој ќе бидат опфатени 900 пензионери од овој дел на градот.

Ристовски, одговарајќи на прашање, рече дека Владата секогаш настојува исплатата на пензиите да се врши во правата седница од месецот. - Ние како Влада ветемото кон пензионерите го остваруваме во целост, рече министерот за труд.