Груевски: Лоцираните предизвици на Стејт департментот се регионални, работиме на нивно надминување

Извештајот на американскиот Стејт департмент за човековите права и слободата на медиумите во Македонија, премиерот Никола Груевски го оцени како стандардни критики што и во минатите години официјален Вашингтон ги дава за земјите од целиот регион.

- Ако ги прочитате извештаите за целиот регион ќе видите дека горе-долу има едни стандардни предизвици за земјите и ние работиме секојдневно на подобрување на сите делови за кои што постојат предизвици и можности за подобрување и така ќе продолжиме и во иднина, рече премиерот Никола Груевски по посетата на Институтот за хемија при ПМФ каде беа предадени во употреба две нови најсофистицирани лаборатории.